Полициите од Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција водеа паралелни истраги во рамки на операцијата за трговија со дрога „Балкан“ започната во 2015 година од Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал.Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека операцијата завршила успешно и дека истрагата резултирала со апсење на 28 лица, меѓу кои и петмина организатори и издавање налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Биле запленети приближно 27 килограми хероин, 2 килограма кокаин и речиси 184 килограми марихуана, како и повеќе од 38.000 евра, 1,5 милиони албански леки и четири оружја.
– Се очекуваат натамошни резултати од оваа заедничка истрага, стои во соопштението.
Истрагите биле насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги како хероин, кокаин и марихуана. Хероинот е набавуван од Турција и транспортиран до Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Албанија и транспортирана во Македонија, Грција и Турција.
– Паралелни истраги беа водени во Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција. Размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во овие земји се одвивале во реално време преку канал на Селек, се наведува во соопштението од МВР.Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека операцијата завршила успешно и дека истрагата резултирала со апсење на 28