Токму на Божик, како Божикна честитка испратена по брза пошта од албанските партии, Македонците го добија за плаќање очекуваниот есап од расипничката изборна гозба на аболицираниот криминалец Заев навигиран од Сорос и неговата платеничка и интересџиска ергела во земјата и надвор. Есапов го покажува целото дно во кое се најдени „нашиве“ платенички кариеристи и криминалци, целото нивно расипничко однесување насочено кон задоволување на своите болни амбиции да дојдат на власт по секоја цена.Есапов ја исфрли на површина и болната супозиториска улога, која си ја самонаметнаа за да ги задоволат без пардон и без срам интересите на финансиските тутори, кои имаат ниет да ја запоседнат нашата татковина како своја вазална територија. Мизеријата на овие македонски политички квазимодовци нема крај. Ставени на странска узда, со камшик одзади во садомазохистички стил, кој силно ги удира ако скршнат од точките зацртани во сценариото на својот финансиски старател, нашиве големи „патриоти“, кои и самите јавно се изјаснија дека не ги личело да бидат патриоти, убаво ни го сместија. За сите пари, што би рекол народот.
Тоа што до вчера, нели, според зборовите на Заев, беше само во главата на Груевски и неговите, тоа што до вчера тврдеа дека е демек голема лага на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, измислица што треба да му наштети на угледот на аболицираниов, се покажа како голема вистина, која веќе никој не може да ја негира.
И сега, што правиме? Во чија глава била смислена официјализацијата на албанскиот јазик на цела територија на државата? Во главата на Груевски или во главата на мега-соросовиот пулен Заев? Во чија глава било сместено сценариото за менување на државната химна, државното знаме и државниот грб? Од каде доаѓа желбата за менување на уставното име на државата? Од каде извира потребата безусловно да се поддржи работата на СЈО, кој е класичен партиски орган на СДСМ за лов на функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Kој ќе ја цени непристрасноста на СЈО на која се повикуваат албанските лидери во платформата?
Дали е замислено таа да биде ценета од некоја анкетна комисија или можеби меѓународен независен орган како што се бара за расчистување на судските постапки „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Kуманово”? Kаква е таа дрскост од албанските лидери што им дава за право да не ја почитуваат работата на македонските судови и јавни обвинители, што преку политички платформи и со политички решенија сакаат да решаваат судски случаи? Kаква е таа дрскост да се бара расчистување на судски постапки преку некакви анкетни комисии, кои во ниту еден случај не можат да бидат судски орган, или каква е таа дрскост да се бара меѓународен независен орган да одлучува за македонски судски постапки? Kаква е таа дрскост на Села и на Острени без да покажат елементарна почит кон пресумпцијата на невиност на Груевски само од позиција на некаква поведена истрага против него да заземаат став дека во идната Влада не треба да има место за лица што се предмет на истрага на СЈО.
Демек за оние што се предмет на истрага на СЈО нема место во новата влада, а за докажан и правосилно осуден криминалец кој не сака да се откаже од аболицијата само затоа што е длабоко свесен дека ќе лежи затвор, може да биде во влада. За таквиот нема никаков проблем да биде дури и премиер, во согласност со европските вредности и меѓународното право, секако. Да не го отвораме досието на Села. Ќе ни треба простор за уште најмалку две колумни.
Од каде доаѓа силата на некој, за кого е прашање дали е и 20 отсто во земјата, да се претставува како државотворна нација? Им кажал ли некој на овие лидери дека нацијата оди со државата и оти ако Албанците се државотворна нација тоа по дефиниција значи дека во Република Македонија има и друга држава, односно држава во држава?
Kој ја смислил „генијалната“ идеја позната како Државна комисија за финансирање на општините покрај целиот постоен систем за финансирање на општините следен од посебна Kомисија за следење на развојот на системот за финансирање на општините, посебна стратегија за рамномерен регионален развој, посебен Закон за рамномерен регионален развој, посебен Совет за рамномерен регионален развој, Министерство за локална самоуправа раководено од албански министри, посебен Совет за развој на планскиот регион, и да не редам натаму?
Сево ова не им е доволно на албанските лидери па сметаат дека некаква Државна комисија за финансирање на општините ќе заврши повеќе работа? Му кажал ли некој на албанскиот премиер Рама што се има во државата за да не се доведува во ваква нелагодна состојба да покажува основно непознавање на македонскиот систем? Или и неговите брифери немале поим за системските решенија во Македонија?
Им кажал ли некој на Еди Рама и неговиот косовски колега дека нивното директно неповикано политичко замешателство е дрско мешање во внатрешните работи на Република Македонија спротивно на сите правила на меѓународното право, и дека ваквиот однос заслужува остра осуда од Обединетите нации како директно кршење на суверенитетот и интегритетот на една независна и самостојна држава?
Им кажал ли некој на албанскиве лидери дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, што е нивно барање во платформата, не може да има надлежност во поттикнувањето на економскиот и социјалниот развој на неразвиените подрачја!? Многу е просто. Kаква врска има политичкиот систем во земјата со економскиот и социјалниот развој на неразвиените подрачја? Може ли некој да ни го објасни барањето за „правична застапеност на Албанците во „претпријатијата со јавни акции!?“ Се работи за грешка во преводот од оригиналниот документ, или навистина лидериве немаат поим од системот во кој живеат?
Може ли некој од потписнициве на платформата да ни објасни како се решава спор за државно име во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право!? На кои точно европски вредности и принципи на меѓународното право мислат лидериве? Или има некои новокомпонирани принципи на кои ќе се повикаат во работната група за решавање на спорот за македонското име? Или можеби лидериве се подготвени да пишуваат ново меѓународно право?
Чуле ли овие лица дека правото на самоопределување на една нација е клучен принцип во модерното меѓународно право, и дека тој принцип, меѓу другото, значи и нејзино право да избере име на својата држава согласно сопствената волја? На кои меѓународни принципи се повикуваат албанските лидери во платформата преку кои би го промениле нашето вековно име?
Посебно е интересен делот со тркалезната маса на која албанските парламентарни партии, врз принципот на ротација, ќе го усогласувале своето „политичко дејствување и ќе ја воделе транспарентната комуникација со меѓународните партнери на Македонија, посебно барајќи ја поддршката на ЕУ и меѓународните институции“. Ете ви го и конкретно толку зборуваниот швајцарски ротационен модел на владино делување, само овојпат во мало, кој ќе биде со поддршка на ЕУ и меѓународните институции!? Оној модел де што Фрчкоски со сета жар и страст ни го објаснуваше две години како одлична варијанта на функционирање на идната македонска влада на големо која ќе добие максимална поддршка од ЕУ и релевантниот ни меѓународен фактор.
Претседателот Иванов ~ го додели мандатот за состав на Влада на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Сосема уставно и логично, мандатар е г. Груевски како изборен победник. Уште незавршен, чинот на доделување на мандатот се претвори во бројни „интелектуални“ и политички пукотници од сите опозициски страни. Демек Иванов не смеел да му го даде мандатот на Груевски, бидејќи Груевски според одредени просветлени интелектуалци немал докажано парламентарно мнозинство. Највозвишено, и секако во согласност со неговото субјективно читање на Уставот тоа го објасни Шкариќ, според кого, замислете, Иванов требало да си даде улога на селска визитарка, која ќе ги обиколува парламентарните партии околу наоколу со цел лично да се уверува дали партиите можеле или не можеле да го обезбедат парламентарното мнозинство!?
Или потрагично за еден самозамислен бард на македонското уставно право е неговата изјава дека „партиите што ќе дошле кај Иванов требало да му понудат цврсти аргументи (!?) дека можат да формираат влада“. И исклучиво врз основа на тие цврсти Шкариќеви аргументи Иванов требало да цени кому да му го додели мандатот. Голема интелектуална и уставна дума, нема што. Цврстите аргументи на „бардов“ се посилни од силата на мнозинската изборна волја на граѓаните на Република Македонија. Посилни се од силата на изборниот победник. И да не беше сето тоа кажано од некогашен професор по уставно право ќе помислев добро човеков тресна лупус ин фабула ама не е кабает, едноставно не е упатен во правото. Ама оваа формулација доаѓа од човек што е на платен список секој месец кај Kатица Јанева како голем стручњак по правото.
Доаѓа од професор по уставно право кому Уставот очигледно не му значи ништо повеќе од обична политичка алатка, која треба да се толкува, а не да се чита. Алатка што треба да ги занемари суштината и смислата на системот во кој функционира власта. Алатка што треба да им служи на неговите налогодавци, кои две и пол години го силуваат правниот систем без никаква одговорност. Да биде срамот поголем, Уставот овие душегрижници го користат како крпа за бришење на трагите на политичкото злосторство и велепредавство што му се прави на македонскиот народ и на македонската држава.
А вистината запишана во Уставот на Република Македонија е само една. Изборниот победник го дефинира мандатарот за состав на Влада. Изборниот победник го утврдуваат суверените граѓани на избори, преку нивната изборна волја. Никако поинаку не смее да се чита Уставот освен како уставно правило дека на избори може да има само еден изборен победник и оттаму дека во државата може да има само еден мандатар. Тоа е суштината на македонскиот уставен систем. С` друго е политичко толкување на Уставот заради болните амбиции на опозицијата по секоја цена да се натопорат на владините фотелји и заради желбата на странскиот сценарист да н` направи вазал-држава во 21 век! Во име на демократијата и европските вредности де.Есапов ја исфрли на површина и болната супозиториска улога, која си ја самонаметнаа за да ги задоволат без пардон и без срам интересите на финансис