Уставниот суд ги поништи изборните резултати, Колинда сепак не добила повеќе од 50 % од гласовите

Уставот на Република Хрватска предвидува „претседателот на Републиката да се бира со повеќето од сите бирачи кои гласале“. Во вториот круг од гласањето учествувале 2.258.801 гласачи, а Колинда добила само 1.114.865 гласа, што значи и недостасувале околу 15.000 гласовиУставниот суд доцна синоќа на своите страници ја објавил одлуката за поништување на вториот круг претседателски избори одржани на 11 јануари 2015, поради грубото кршење на Уставните одредби. Се повикале на членот 95 од Уставот кој вели:Претседателот на Републиката се бира со мнозинството од бирачите кои гласале, доколку ниту еден кандидат не го добие мнозинството изборите се повторуваат за 14 дена.Според податоците на Државната изборна комисија на изборите во вториот круг излегле вкупно 2.258.801 бирач, а за победа потребни се 1.129.401 гласа, додека Колинда добила вкупно 1.082.430 гласа. Значи, на Колинда и недостасувале 14.536 гласа или уште една дијаспора за победа.Уставниот суд прогласил дека резултатите од изборот се поништени по сила на Уставот, и дека нови избори мора да се одржат во рок од 14 дена.„Верувале или, ова е прв пат да се сложувам со Уставниот суд. Од ХДЗ веројатно ќе се обидат да ја оспорат оваа одлука повикувајќи се на Законот за избор на претседател но тоа не стои. Уставот ви е како добра песна, човекот само треба да биде трезен додека го чита“, изјавил претседателот на одборот за Устав, Пеѓа Грбин.Тумачењето на некои уставни експерти дека значењето на дефиницијата „сите бирачи кои гласале“ не се однесува на неважечките ливчиња едноставно не стои. И бирачите кои своеволно ги прецртале своите ливчиња ја изразиле својата желба на гласањето – а тоа е да не го дадат својот глас на никого но сепак излегле за да го зголемат вкупниот број на гласовите, тврди Грбин.Владимир Шекс бил затечен од оваа одлука на Уставниот суд бидејќи наводно воопшто не знаел дека се одржуваат претседателски избори.„Некои работи во партијата очигледно се кријат од мене“, се пожалил Шекс.Уставниот суд доцна синоќа на своите страници ја објавил одлуката за поништување на вториот круг претседателски избори одржани на 11 јануари 2015,

Пронајдете не на следниве мрежи: