Според амандманот 5 од Уставот, на “ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА“ на Македонија се користи македонскиот јазик. Ова значи дека според Уставот, нема друг јазик кој се користи на целата территорија.Македонија има само еден официјален јазик – македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, Уставот прецизно наведува кога јазиците на малцинствата може да се користат како службени, a тоа не е на целата територија и никаде во Уставот не стои дека албанскиот јазик е втор официјален јазик
Во став два од амандманот 5 од Уставот се наведува дека друг јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните е исто така службен, ама според понатамошните определби од овој член, во кои е јасно назначено дека тоа важи само за локалната самоуправа а не за целата територија.
Според Уставот, нема друг јазик кој се користи на целата територија!
Ако се прифати на парите и монетите да се користи и албанскиот јазик, тоа ќе значи користење на целата територија, што е спротивно на Уставот.
Истото важи и за ознаките на униформите. И тие, како и парите, се користат на целата територија, што значи дека мораат да бидат само на македонски јазик! Се’ друго е грубо кршење на Уставот.
Ова значи дека без кршење на Уставот не е можно да се спроведе договорот меѓу СДСМ и ДУИ, откако Зоран Заев во целост ја прифати албанската платформа и истиот договор всушност е договор за идентитетска промена на Македонија со кој се задираат основните постулати како јазикот, името, знамето, грбот и химната.
–Во РМ согласно Амандман 5 од УСТАВОТ НА РМ има само еден службен јазик на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, и само едно писмо, а тоа е кирилското писмо. Ако Заев ја зборува вистината дека во РМ постојат два службени јазика на територијата на цела држава тогаш воопшто немаше да има потреба да преговараат во целосна тајност како што преговараа двете партии, бидејќи нема нели потреба да се преговара нешто што е веќе утврдено во Уставот“, вели професорката од Правниот факултет, Тања Каракамишева Јовановска.
Таа објаснува дека во Уставот јасно стои дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните исто така е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој амандман 5.
„А членот во Уставот вели дека само личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик може да се издаваат да друг јазик, и дека во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик може да се употребува друг јазик како службен. Истото се однесува и на комуникацијата со подрачните единици на министерствата. Во органите на државната власт може да се користи друг јазик различен од македонскиот но само како индивидуално право на секој граѓанин, а не и како колективно право на малцинствата “, вели професорката.Македонија има само еден официјален јазик – македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, Уставот прецизно наведува кога јазиците на малцинс