Најновата трка од организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон ќе дебитира во недела, 08.10.2017, во 09.00 часот низ улиците на Скопје. Развојот на спортскиот начин на живеење во Скопје ги мотивираше организаторите да подготват нова улична трка која, поради нивото на интерес, очекуваат да прерасне во традиционална спортска манифестација која ќе ги одбележи есенските месеци.Покрај трката од 10 километри во склоп на Скопје трча 10КМ се организира и штафетната трка од 2 х 5 километри која веќе буди интерес кај компаниите како дел од нивните тимбилдинг активности. Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на https://skopje.run.
Пријавувањето за двете трки завршува на 6ти октомври и право на учество имаат сите кои сакаат да се надминат себеси во интересен и возбудлив натпревар. Котизацијата за трката од 10 километри е 400 денари до 5ти октомври и 500 денари на 6ти октомври. За штафетната трка таа изнесува 700 денари за цел тим до 5ти октомври и 900 денари за цел тим на 6ти октомври. Стартниот пакет содржи стартен број со чип, медал на крај од трката, освежување и овошје, резултати во живо, онлајн диплома и фотографии овозможени од Pic2Go. Воедно, сите кои се пријавија до 29ти септември ќе добијат стартен број со нивното име.
Стартните пакети можат да се подигнат во сабота, 07.10.2017, во Спортскиот центар “Борис Трајковски“ од 10 до 18 часот.
Стартот на трката ќе биде на булеварот „Илинден“ во близина на фонтаната „Лотус“. На истото место ќе биде и целта на трката затоа што истата е кружна и ќе се трчаат 2 круга од по 5 километри, по должина на булеварот. Со дипломи ќе бидат наградени првите 3 места во категории по возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години, и над 55 години. Во штафетната трка од 2 х 5 километри првите 3 места во сите категории, и тоа тим од 2 машки, тим од 2 женски, тим од 1 машко и 1 женско ќе бидат наградени со пехари и дипломи.
Сите учесници со стартен број се дел од лотаријата преку која по случаен избор ќе бидат доделени награди од спонзорите на Скопје трча 10КМ.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија.
Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт, помогната од официјалните партнери и спонзори. Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).Покрај трката од 10 километри во склоп на Скопје трча 10КМ се организира и штафетната трка од 2 х 5 километри која веќе буди интерес кај