Уште еден скандалозен статус на Зекири

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на барањето на Бранко Маноиловски од ДУИ за легализација на истополовите бракови одговори со цитат од Куранот во кој се проколнуваат хомосексуалците и разбуди жестоки реакции во пошироката јавност.Но, ова не е првиот став на потпретседателот на СДСМ Зекири на оваа тема. Во 2015-та година после одлуката на Врховниот суд на САД за легализација на истополовите бракови, потпретседателот на СДСМ Зекири тогаш напиша:
„За да кажат дека се во чекор со времето некои „албанци“ немаат проблем и ПЕДЕРИ да станат. Повеќе тие се израдуваа и од самите ПЕДЕРИ во САД кои ги добија правата да склопуваат бракови помеѓу себе. Господ нека ве води!!!“
Зошто ги пишува Албанците со мала буква и во наводници, може само да претпоставуваме. Дали ставот на потпретседателот на СДСМ е дека ниту еден Албанец не смее да ги поддржува ЛГБТ правата, е прашање на кое само тој може да даде одговор – било преку изјава, или преку нов цитат од Куранот на фејсбук.
 

Уште едно прашање кое виси деновиве е како овој негов однос кон ЛГБТ заедницата ќе влијае врз СДСМ и гласачите кои ги поддржуваат.
Партијата се огради од ставот на нејзиниот потпретседател објаснувајќи дека Зекири има право на секој свој јавно искажан став, што е апсурдно и скандалозно имајќи предвид дека со ова СДСМ сака и да се додворува на ЛГБТ оградувајќи се од својот потпретседател, и да се додворува на анти-геј поддржувачите на Зекири не барајќи да ја повлече неговата изјава и изјавувајќи дека го има сето право на тој став.
Реагираа припадниците и поддржувачите на ЛГБТ заедницата кои ги потсетија во СДСМ дека тие учествувале и во кампот на СДСМ деноноќно пред влада и секој ден во шарената револуција на СДСМ, па се чувствуваат изневерени од ваквите ставови на потпретседателот на СДСМ.
Од друга страна поддржувачите на Зекири упатија низа жестоки навреди и закани кон ЛГБТ заедницата, а како поддршка за ставот на потпретседателот на СДСМ Зекири.Но, ова не е првиот став на потпретседателот на СДСМ Зекири на оваа тема. Во 2015-та година после одлуката на Врховниот суд на САД за легализација

Пронајдете не на следниве мрежи: