64-годишниот навивач на Северна Ирска ненадејно почина попладнево, откако добил срцев удар на стадионот во Лион, каде неговата репрезентација славеше со 2-0 против Украина. Интервенцијата на медицинските служби била брза, но не успеала да го спаси навивачот.Ова е втор случај навивач на Северна Ирска да го загуби животот за време на Европското првенство. Првиот беше пијан фан кој пред три дена во Ница падна од осум метарското шеталиште покрај брегот на морето.
Еден белгиски навивач при патување за Лион доби срцев удар и исто така почина, а Англичанец се бори за живот, откако беше претепан од руските хулигани во Марсеј.
Ова е втор случај навивач на Северна Ирска да го загуби животот за време на Европското првенство. Првиот беше пијан фан кој пред три дена