За да може Зоран Заев да функционира, мораше да се опкружи со исти како себе, манипулатори, лажговци и луѓе без образ. Откако беше фатен во лага привремениот технички министер Љупчо Николовски, најблискиот советник и соработник на Зоран Заев, лицето Митко Јованов, се обрати со допис каде им се „заблагодарува“ на Курир и Сител.На новинарските прилози поткрепени со документи, изводи, печати, архивски заверки, нотарски документи, датуми, броеви на решенија, Митко Јованов, баш како и неговиот шеф Зоран Заев се „спротивстави“ со рекла-казала муабети. „Аргументите“ се неговите раскажувања и неговите лични убедувања апсолутно непоткрепени со ниту еден документ. Каков шеф- таков соработник.
Па така, СДСМ е единствена партија на светот која бесрамно напаѓа трети субјекти за дела што самата ги правела. На пример, го напаѓа премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека му дале на новинарот Миленко Неделковски пасишта, пасишта кои всушност Владата на Владо Бучковски му ги дала на Митко Јованов!
Видно од текстовите на порталот на уште еден соросоид Ацо Кабранов, СДСМ и Митко Јованов во 90-тина минути изнесуваат две сосема спротивни тврдења?! Едно тврди Јованов, друго СДСМ. Фабриката за лаги на СДСМ е зарибана и тоне во жив песок.
На 30-ти декември во 16:43 часот, на Либертас излегува текст со наслов: “Груевски е фатен, на Миленко му дал 186 хектари“. Претходно, на истиот ден 30-ти декември, исто на Либертас, но во 14.47 часот, првиот сопственик и основач на фирмата за која СДСМ тврди дека добила од Груевски хектари, потврдува дека тој си ги добил тие хектари пасишта од Владата на СДСМ.
-Мене ниту на моето семејство не му требаше никаква партиска помош од било која партија да ги добие концесиите за пасишта, дури и да сум ја имал партиската поддршка, а сум ја немал, немало потреба од партиска помош. Во тој период немаше заентересирани субјекти да земаат под концесија пасишта. Натурал Фуд, беше единстевниот заентересиран субјект и го склучи договорот за концесија на големо задоволство на одговорните во ЈП Пасишта, а тоа се должеше на тоа дека ќе добијат пари за оваа концесија оти пасиштата никој не ги користел со децении наназад во форма на закупена концесија, а тие беа препријатие кое одвај земаа плати, напиша Јованов.
Како што се гледа од изјавата на Митко Јованов, во времето на СДСМ во ЈП Пасишта “едвај се земало плата“. Самиот најблизок соработник на Зоран Заев тврди дека во времето на СДСМ работите во оваа гранка оделе бедно. Но, за да биде ист како својот шеф, Митко Јованов во својот текст се служи со серија лаги, видно од документов до кој дојде нашата редакција.
Јованов тврди „набавивме расни кози Алпина“, но видно од официјалниот документ за Идентификација и регистрација на животните, тој имал само две кози. Понатаму пишува “имено на фармата на Натурал Фуд имаше околу 200 глави овци и јагниња (Аваси)“. Сепак, според официјалната документација, Митко Јованов во просек имал околу 30 овци.
Ветеринарната станица Велес потврди дека во периодот по 2006-та, откако Митко Јованов не успеал да набави овци, тие склучиле договор со него Ветеринарната станица да купи овци, да купи сточна храна за нив и да им дава редовна медицинско-ветеринарна услуга, а Митко Јованов да го чува ова стадо. Профитот што би се остварил да се дели 50/50. Откако стартувале со оваа соработка, многу брзо Митко Јованов криминално ги продава сите овци, сите до една не се негова сопственост, на Албанци кои илегално ги пренесуваат преку граница.
Митко Јованов имал и друга земјоделска фирма која се викала „Фарма Јованови“, која завршила и пропаднала во долгови кон Ветеринарната станица, кон фирмата Агрија, останала должна за набавениот „Џон Дир“ трактор од Јапонската програма за помош, не платила концесии, телефонски сметки…
Митко Јованов, најблискиот соработник на Зоран Заев, останал познат во родното Градско како најнеуспешен директор на општинското комунално претпријатие. Тоа претпријатие тој го задолжил со сметки, неплаќања и со огромни сметки за мобилниот телефон на фирмата направени со разговори во Германија. Комуналното претпријатие и општината со години ги враќала парите од сметките направени од Митко Јованов.На новинарските прилози поткрепени со документи, изводи, печати, архивски заверки, нотарски документи, датуми, броеви на решенија, Митко Јованов, б