Обединетите нации ја суспендираа руската тенисерка Марија Шарапова како амбасадор на добрата волја, откако призна дека била позитивна на допинг тест поради употреба на мелдониум на овогодишното отворено првенство во Австралија.Програмата за развој на ОН УНДП, која во 2007 година ја прогласи Шарапова за амбасадор на добрата волја, ја суспендираше Русинката сѐ додека не бидат познати резултатите од истрагата против неа.
-По објавата која ја даде Шарапова, ја суспендиравме нејзината улога како амбасадор и сите планирани активности додека трае истрагата. На Шарапова ѝ посакуваме сѐ најдобро, се вели во соопштението на УНДП.
Тенисерката со ОН соработуваше најмногу за помош на преживеаните во катастрофата во Чернобил од 1986 година.
Во соопштението се наведува и дека програмата ѝ е благодарна на Шарапова на нејзината поддршка во нивната работа.