Уште еден вампир ги плаши скопјани во Градкиот парк во Скопје?!

Пред неполни 6 месеци беше објавено дека се појавил вампир во Градски парк во Скопје. Оние кои не веруваат во вампири, со сигурност не веруваа и во оваа информација, која ја презентираа очевидци, претежно млади скопјани. По оваа информација, за појава на „вампир“ во Градскиот парк во Скопје, многумина беа скептични, бидејќи сепак се уште нема цврсти докази дека вампирите навистина постојат, било во Македонија или во светот. 

Оние кои не веруваат велеа дека оној човек кој скокал од клупа на клупа, облечен во црно, е всушност некој кој употребил марихуана или други видови на дроги и бил под нивно дејство, па изведувал необични движења, доцна во ноќта во Градкиот парк во Скопје. 
За оние кои не знаат за што точно станува збор, може да ја прочитате информацијата за вампир во Градски парк во Скопје, на следниот линк. 

Но, оваа приказна не застанува тука. Некои жители од околнуте згради кај Градскиот парк велат дека се појавил уште еден, ако не и истиот „вампир“ кој се шетал во постариот дел на паркот, поточно кај езерото. 

За многумина ова може да претставува вампир, бидејќи човекот носел црна наметка, и црни гумени чизми, што е доста необично во овој топол период. Нема никаква опасност, од овој човек или вампир како што го нарекуваат некои, туку некои велат дека се слушале само чудни и необични звуци. 
Се обидовме да ја провериме оваа информација, па бевме во Градскиот парк во Скопје, но таму не затекнавме никаков „вампир“ ниту пак човек кој можеби изгледа исто или слично на описот на жителите од околните згради. 
Дали вампирот од Градски парк е само уште една фантазија на луѓето, посебно на малдите или сепак можеби има некоја задна приказна и вистина, останува да видиме. По оваа информација, за појава на „вампир“ во Градскиот парк во Скопје, многумина беа скептични, бидејќи сепак се уште нема цврсти дока

Пронајдете не на следниве мрежи: