Северна Каролина штотуку презема огромен чекор за да се осигури дека Уставот на САД и Уставот на државата ќе биде единствениот што ќе се применува во судовите, и со тоа презема превентирна мерка со која забранува странски закони да влезат во судниците.Мерката ја нарекуваат контроверзна, и е дизајнирана така да не дозволи Шеријатското право да се применува во оваа немуслиманска држава. Слични закони беа изгласани и во Аризона, Канзас, Луизијана, Оклахома, Јужна Дакота и Тенеси. На крајот, федералниот суд во Оклахома го прогласи законот за неуставен бидејќи дискриминира одредена група на интерес.
Поврзано: Тексас со закон го забрани шеријатското право
Авторите на законот планираат да го избегнат проблемот, со назначувањето тој да се однесува на сите странски закони, а не само на Шеријатското право.
„Имаме над 50 случаи во 23 држави во кои судиите примениле туѓ закон, и со тоа ги лишиле граѓаните од своите уставни права“, коментира Христијанската Лига која го поддржува законот. „Често, жени и деца се жртви кога се применува Шеријатското право. Под закон базиран на Куранот и на Суната, учењата и пишувањата на Мухамед, жените можат да се мажат на било која возраст, а прељубата или проституцијата може да води до смртна казна. Многу од проблемите со Шеријатското право во САД вклучуваат жени претепани од мажите муслимани, а судиите сето тоа го дозволувале бидејќи мажите, законите за брак на САД не ги чувствувале како свои“.
Советот за Американско-Исламски Врски вршеше притисок на владата да стави вето на предлог-законот. Според нив, законот е „напад на муслиманската популација на државата, што служи само за да ги маргинализира муслиманите и да им ги укине правата на еднаквост со другите религиозни групи“.Мерката ја нарекуваат контроверзна, и е дизајнирана така да не дозволи Шеријатското право да се применува во оваа немуслиманска држава. Слични зако