Денес, 10.08.2013 е уште една годишнина од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила.За време на конфликтот во 2001-вата година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на противтенсковски мини.
Некаде околу 8 часот наутро, во овој дел се слушна силна експлозија, каде што живото го загубија осум војници од резервниот состав на АРМ меѓу кои: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
По нападот почна неколку часовната пресметка меѓу ОНА и втората чета на Третиот баталјон, на која припаѓале и осумте загинати војници. Во текот на престелката е извршен и воздушен напад врз формацијата на ОНА со хеликоптери „ми-24“ и тие се повлекуваат.
Денес, пред Касарната Илинден со приложување на цвеќе е одбележана уште една годишнина од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила.
Пред спомен-обележјето на осуммината бранители се поклонија делегации на Владата на Република Македонија предводена од министерот за здравство Никола Тодоров, од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, делегација од Министерството за одбрана предводена од државниот секретар Сашо Стефановски, здруженијата на бранители „Бедем“ од Гостивар и на Прилепските бранители, како и членови на семејствата и на МЗ Љуботен.
За време на конфликтот во 2001-вата година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на противтенсковски мини.