Од овој викенд младите до 27 години секој прв и секој трет викенд во месецот ќе имаат бесплатен превоз во железничкиот собраќај. Ова е една од пакетот мерки за млади кои пред извесен период ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а веќе од денеска почнува да се реализира.Преку овој проект ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите.
-Од овој викенд започнуваме со новата мерка што ја најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Од сега секој прв и трет викенд во месецот ќе биде бесплатен за сите млади до 27 години. До сега оваа мерка постоеше, односно секој трет викенд во месецот беше бесплатен превозот за сите млади луѓе до 27 години. До сега ги имаат искористено субвенциите на оваа мерка преку 50 илјади млади луѓе, што значи директна заштеда за нив од преку 300 илјади евра. Ние видовме дека е многу важно да го продолжиме овој стимул, односно да им дадеме уштре една можност на младите првиот и третиот викенд во месецот бесплатно да се возат и со тоа ќе направиме дополнителен стимул сите оние млади луѓе дополнително да се возат бесплатно, а од друга страна да почувствуваат и една комоција со новите возови што пристигнаа, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Ресорниот министер најави дека уште два од новите возови наскоро ќе почнат да сообраќаат.
-Еден од новите возови веќе почна да оперира, вториот е поставен на пругите и очекувам дека до средината на овој месец и тој ќе почне да оперира. Третиот воз исто така пристигна и тој ќе го ставиме во функција набрзо, односно оној договор што го имаме потпишано со кинеската фирма до јуни да стигнат сите возови, а потоа да влезат во сообраќај, ние тоа ќе го испочитуваме. Мене ми е особено задоволство и многу ми е важно што младите го поздравуваат овој проект и очекувам дека сите овие мерки што ги превземавме како Влада и што ги најави Груевски, младите ќе имаат еден подобар и поквалитетен живот, а од друга страна ќе заштедиме многу во нивните буџети, додаде Мисајловски.
Првата група млади до 27 години денеска замина за Велес со воз од железничката станица во Скопје искористувајќи ја новата владина мерка за бесплатен викенд. Заедно со нив се упати и министерот Мисајловски.Преку овој проект ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансис