Уште една можност финалистите од X-Фактор во живо да ги покажат своите вокални способности

Во Нови Сад вечерва концерт ќе одржат финалистите од шоуто Х-фактор, заедно со најголемите ѕвезди од српската естрада.Финалистите Даниел Кајмакоски, Маја Новаковиќ, Харис Чато, Илма и Лукијан како и женската група 4U ќе бидат специјални гости на новогодишниот концерт во Нови Сад.
Балканската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ ги покани своите двајца кандидати Маја и Даниел, додека Наташа Беквалац се одлучи за шармантните девојки од групата на Кристина Ковач 4U.
Исто така како гостинка на поп пејачката Јелена Томашевиќ ќе се појави талентираното 13-годишно девојче Илма Карахмет, а пејачот Никола Роквиќ како свој специјален гостин го повика Лукијан Ивановиќ.
Концертот во Нови Сад е уште една можност финалистите од Х Фактор да ги покажат во живо своите вокални способности бидејќи во тек се елиминации во шоуто и секој настап е важен за глас повеќе од публиката.
На следниот ЛИНК прочитајте зошто Даниел Кајмаковски во Македонија не наишол на поддршка.
 Финалистите Даниел Кајмакоски, Маја Новаковиќ, Харис Чато, Илма и Лукијан како и женската група 4U ќе бидат специјални гости на новогодишниот конце

Пронајдете не на следниве мрежи: