Уште една жртва на протестите во Турција

Уште една жртва на протестите во Турција во главниот град Анкара. Повредениот демонстрант по судирот со полицијата починал во болница со што бројот на жртвите од овие протести е шет луѓе, соопшти адвокатот на починатиот. 
Според авокатот, починало 26-годишно момче кое било неколку дена во кома откако било погодено во главата со гасна бомба со солзавец за време на протестите во Анкара на 1 јуни.
Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави денеска дека е неопходно демонстрантите да се повлечат од паркот Гези во Истанбул и да користат различни методи од сегашните за изразување на барањата. 
Ѓулер нагласи дека форматот на сегашните протести акции е неприфатлив. 
„Таксим, паркот Гези – тоа се места отворени за посета. Во моментот, луѓето кои се наоѓаат таму им пречат на посетителите слободно да се движат. Во паркот има демонстранти и провокатори. Сите видовме што направија маргинални групи. Таа акција не може да продолжи на тој начин. Треба да се спречи додека не е нанесена поголема штета“, изјави Ѓулер. 
Тој додаде дека властите и полцијата се подготвени да преземат мерки за извлекување на демонстрантите од паркот Гези. Ѓулер вети дека во таков случај нема да се преземат мерки со употреба на сила. Уште една жртва на протестите во Турција во главниот град Анкара. Повредениот демонстрант по судирот со полицијата поч

Пронајдете не на следниве мрежи: