Новинарот Зоран Бојаровски кој на македонската јавност и е познат поради негирањето на Македонската Православна Црква, денес на својот Фејсбук профил објави дека започнал со работа во Владата на Република Македонија. Со тоа, приврзаниците на Јован Вранишковски добија свое место во владата на СДСМ.Новинарот Зоран Бојаровски кој на македонската јавност и е познат поради негирањето на Македонската Православна Црква, денес на својот Фејсбук профил објави дека започнал со работа во Владата на Република Македонија. Со тоа, приврзаниците на Јован Вранишковски добија свое место во владата на СДСМ.
Во колумна за порталот Плус Инфо насловена ,,МПЦ меѓу аргументите на патриотите и заблудите на „патриотите“, тој ја навредува и МПЦ и македонската нација и го оспорува нивното постоење.
Бојаровски во својата колумна тврди дека МПЦ е релативно нова творба од крајот на педесетите години на минатиот век и тврди дека самото создавање на МПЦ е контраверзен историски настан. Го оспорува и историскиот континуитет на МПЦ преку Охридската Архепископија.
Неговата жена Соња Бојаровска, исто така е дел од црквата на Вранишковски и е одговорна за финансиите на неговата црква. Таа поради случајот „Расколник“ била дел од приведените приврзаници.
Зоран Бојаровски редовно на својот фејсбук профил ја промовира црквата на Вранишковски.
По најавата за виткање на кичмата во спорот за името, негирањето на македонската историја и најава за промена на историските учебници по посетата на Зоран Заев на Бугарија, се поставува прашањето дали следно на репертоарот на владата на СДСМ ќе биде и укинувањето на МПЦ и решавање на спорот со СПЦ?
Инаку, само за потсетување, Зоран Бојаровски беше еден од новинарските пера кои се најдоа на платните списоци на соросовите невладини организации, а во игра биле милионски заработки и хонорари. Најгласните новинарски пера против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Бојаровски, се офајдиле со хонорари.
Само во 2015 година, тој инкасирал 174.838 денари од Соросовата ФОРУМ ЦСИД, а пари земал и од Центарот за развој на медиуми. Дополнително претходната фискална 2014-та година во три наврати од ФОРУМ на СОРОС земал вкупно 165.448 денари.
Тој работеше и во Сервисот за проверка на факти од медиумите, со кој што сервис практично се вршеше обид за цензура на сите медиуми што не беа под контрола на СДСМ.
Новинарот Зоран Бојаровски кој на македонската јавност и е познат поради негирањето на Македонската Православна Црква, денес на својот Фејсбу