Технички назначениот министер за труд и социјална политика Фросина Ременски ги покажа своите приоритети за нејзиниот втор мандат во МТСП. Уште нестапната на функција, таа одлучи да не се зафати со решавање на тековните проблеми на граѓаните и организација на работата на министерството. Наместо тоа, Ременски веднаш се впушти кон обезбедување на сите луксузи како министер, па за себе побара дипломатска патна исправа – пасош.Она што е вистинска непознаница е зошто за Ременски приоритет е дипломатскиот пасош, кога таа е технички назначен министер во владата која треба да ги спроведе изборите и нејзините ингеренции се првенствено од тој карактер. За спроведувањето на изборите воопшто е ирелевантно каква патна исправа има Ременски, дотолку повеќе што таа сите луксузи ги користи иако нема добиено мандат и легитимитет од граѓаните.
Ова е добар индикатор, велат познавачите, за тоа како Ременски планира да си го потроши и овој втор мандат како министер: со спроведување на личен интерес, луксузи, партизација и измислување скандали – речиси идентично како минатиот пат.
Со многубројни скандали помина и нејзиниот прв „мандат“ во Министерството за труд и социјална политика.
Веднаш по назначувањето на Ременски минатата година, таа и’ даде надлежност на претседателот на партиската комисија за труд и социјална политка на СДСМ Мила Царовска да одобрува или цензурира било кој одговор до граѓаните иако Царовска не беше вработена во МТСП, што е спротивно на кодексот за професионално однесување на администрацијата и претставува еклатантен доказ за партизација на министерството.
Слична „цензорска наредба“ пред два дена, на својот прв работен ден издаде и нејзиниот верен пријател Оливер Спасовски кој го извршува вториот мандат како технички назначен министер за внатрешни работи без мандат и легитимитет од граѓаните. И Спасовски, исто како и Ременски на вториот работен ден од својот прв мандат побара дипломатски пасош, веднаш после службено Ауди и низа други луксузи.
Токму нивната блискост и идентична матрица во реализација на личните интереси и на партизацијата на минисстерствата резултираше и со незаконско унапредување на сопругот на Ременски, Јовче, во МВР од страна на Спасовски за неколку позиции, спротивно на системот на кариера во министерството.
Ременски јавноста ја памети и по тоа што ги остави прифатните центри без достоинствени услови, греење и затоплени шатори и објекти во центрите на северната и јужната граница, иако таа и министерството имаат добиено грант од Банката за развој при Советот на Европа, во износ од 2 милиони евра во почетокот на ноември 2015 година токму за овие намени. Поради ваквото неодговорно однесување и неажурност на Ременски илјадници сириски мигранти, жени и деца се смрзнуваа секој ден.
Технички назначената министерка неколку месеци одбиваше и да ги потпише документите за ставање во функција на градинката во Јегуновце, иако жителите на оваа општина бараа итно истата да се стави во функција за да можат да ги извршуваат своите секојдневни обврски и нивните деца да бидат на сигурно.
За месец и половина откако Ремески беше назначена на функцијата министер, таа не покажа интерес за ниту еден проект напротив направи застој на околу 230 предмети кои што не ги реши во законскиот рок поради нејзините смислени опструкции и партиски наредби. Исто така во неколку постапки Ременски го прекрши Законот за јавни набавки во обид да ги закочи започнатите проекти со што предизвика незадоволство и гнев кај граѓаните.
Ременски од неразбирливи причини го блокираше и проектот „Се грижиме за топол дом“ кој што веќе две и пол години им помагаше на семејствата од социјален ризик. Овој проект беше широко прифатен во општеството, подржан од компании, јавни личности, граѓански здруженија и преку него се реализирани 1800 донации за социјално ранливи и загрозени категории на граѓани. Повеќе од еден месец огромен број на граѓани не можеа да ги користат бенефитите од овој благороден проект поради тоа што Ременски одбиваше да склучи договор со фирма за превоз како и за сите други проекти за кои досега медиумите известуваа.
Таа исто така одбиваше да потпише записници со кои ќе можеше да започне распределба на 119 социјални станови и истовремено бараше лице кое е во блиски релации со функионер на СДСМ и кое не ги исполнуваше критериумите да добие социјален стан. Граѓаните се сеќаваат и дека Ременски по осум месеци работа во бегалскиот камп Винојуг без никакво образложение избрка од работа 44 роми.
Технички назначената министерка од СДСМ одбиваше исто така да го потпише решението за вршење дејност за новата градинка Гоце Делчев во Општина Илинден, иако беа целосно исполнети условите и комплетно беше опремена новата градинка во општина Илинден која што требаше да прими нови 170 дечиња.
Ременски и нејзиниот кабинет одлучија да се стопира уште започнат еден проект кој е во интерес на најранливата категорија на граѓани. Проектот „Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години и возрасни лица со телесен инвалидитет” е проект кој повеќе од три месеци беше стопиран и не се реализираше, а кој започна да се реализира во 2014 година и со него беа опфатени 285 деца со пречки во развој и 285 родители односно 570 корисници.
Наместо да покаже дека ги увидела своите пропусти од првиот мандат, Ременски веднаш започна со спроведување на личните и партиските интереси во министерството во кое пристигна благодарение на кризата која ја креираше партијата чиј потпретседател е.
Првиот работен ден и започна со измислување апсурден „скандал“ јавно обидувајќи се да добие улога на жртва со нејзиното тврдење дека министерот Спасов и ги сокрил далечинските управувачи од клима-уредите. Јавноста оваа информација ја дочека со потсмев, но се чини дека Ременски била сериозна и веројатно со измислување на вакви ефтини скандали сака да го покрие својот начин на работа кој резултираше со инстант барање за дипломатски пасош, истовремено со барање таквиот пасош да му се одземе на Диме Спасов.Она што е вистинска непознаница е зошто за Ременски приоритет е дипломатскиот пасош, кога таа е технички назначен министер во владата која треба да