Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во попладневниот дел од конститутивната седница на Собранието го поддржаа и се согласија со излагањето на нивниот сопартиец Антонио Милошоски дека т.н. тиранска платформа ја води земјата во ризик од нестабилност и дека се за унитарна, мултикултурна и напредна, а не федерализирана, бинационална и двојазична држава.Според нив, прифаќањето на платформата е постизборен инженеринг со кој се изигрува волјата на мнозинството, вклучително и на оние граѓани кои на изборите во декември гласале за СДСМ. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа да се почитува волјата на мнозинството и при изборот на претседател на Собранието затоа што, како што рекоа, тоа е секогаш личност од победничката партија и од тоа ќе зависи и стабилноста на Собранието.
За платформата Милошоски рече дека е изборна измама што ја навредува интелигенцијата и затоа грешката, рече, треба да се поправи или со малцинска влада или со нови предвремени паламентарни избори во пакет со локалните, доколку СДСМ не се откаже од тиранската платформа.
– Народот треба да го има последниот збор. Тие гласале за оние во кои верувале и ниеден граѓанин не се изјаснил за постизборни платформи. Затоа ВМРО-ДПМНЕ понуди или малцинска влада или нови избори доколку се инсистира на платформата, рече Милошоски.
На процедуралната забелешка на Оливер Спасовски од СДСМ дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ расправаат за друго, а не за точката на дневен ред – избор на состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски му одговори дека нивна цел е да дебатираат и пратениците на СДСМ.
– Затоа што вие ги криете работите. Јасно и гласно да ги кажете работите што сте ги договориле. Освен за состав на комисијата, дискутираме и како таа ќе постапува. Затоа репликите се легитимни и треба да се ислушаат, рече Димовски.
Џеват Адеми од ДУИ со прашање до Милошоски: – Од кога колега Милошоски ви пречи т.н. платформа од Тирана која не постои. После 29-ти? Ни пред 29-ти не постоеше, како што не постои ни после 29-ти. Албанците во Македонија имаат легална, легитимна, демократска политичка елита и немаат потреба од инструкции, немаат потреба од наметнати „документи“ и немаат потреба да бидат ничии аргати за други цели, рече Адеми, според кого, на ВМРО-ДПМНЕ и пречи тоа што, како што рече, е на добар пат промовирањето работни тела на Собранието и изборот на Албанец, т.е. Талат Џафери за претседател на Собранието.
Димовски му реплицираше дека немаат проблем Албанец да стане претседател на Собранието но имаат проблем ако мнозинството биде исклучено од донесувањето одлукуи за клучни и значајни политички прашања.
– Начинот на кој ќе стане треба да биде базиран на Уставот и да е базиран на почитување на волјата на гласачите. Да не е базиран врз еден документ кој е направен во друга држава и кој излегува надвор од Уставот, рече Димовски.
Во однос на пораката за унитарна, а не бинационална држава, Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е против Албанците иако, како што рече, ја обвинуваат за албанофобија и етноцентричност. Во изминатите десет години нивната партија ги унапредувала правата но, нагласи, се има граница и мора да се почитува Уставот и унитарноста.
Констутивната седница на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе проодлжи утре напладне.Според нив, прифаќањето на платформата е постизборен инженеринг со кој се изигрува волјата на мнозинството, вклучително и на оние граѓани кои на из