УТРЕ ПОЧНУВА БАЗАР ВИКЕНД ВО ЈАВНА СОБА

МЕСТО ЗА ШОПИНГ НА ДИЗАЈНЕРСКИ ПАРЧИЊА, РАКОТВОРБИ И ДОБРА ЗАБАВАСо Јавна соба, заедно до презентација на вештините на производителите на накит, ракотворби, облека и декоративни предмети.
Викендов во просториите на центарот за дизајн и иновации Јавна соба, а во соработка со МАТА, ќе се одржи предновогодишен Базар викенд каде 20 домашни мајстори (креативци) ќе ги претстават своите уникатни парчиња, одосно накит, аксесоари, украси за домот и разни ракотворби.
Она што претставува бенефит од целото концептуално претставување на овие уникатни парчиња, е големиот попуст, со кој ќе се овозможи на посетителите, по интересни цени да го задоволат својот вкус.
За задоволството да е комплетно, организаторите обезбедија доволно греано вино, кафе, чај.
Базарот ќе се одржи на 5 и 6 декември во Јавна соба, со почеток од 10:00 до 21:00 часот, влезот е слободен. Со Јавна соба, заедно до презентација на вештините на производителите на накит, ракотворби, облека и декоративни предмети.

Пронајдете не на следниве мрежи: