Утре напладне треба да продолжи денешната координативна средба на претставниците на парламентарните групи за утврдување на предлогот за составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, што е предуслов за закажување продолжение на Конститутивната собраниска седница.Од собраниските служби информираат дека претставниците на парламентарните групи по договорот за бројот на членовите со кои ќе бидат застапени во Комисијата, сеуште не постигнале договор за претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Претходно, договорено е ВМРО-ДПМНЕ да има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и Беса да бидат застапени со по еден чен.
Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.
Конститутивната седница на Собранието почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината сооглед дека не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.Од собраниските служби информираат дека претставниците на парламентарните групи по договорот за бројот на членовите со кои ќе бидат застапени во Ко