Мандатарот Зоран Заев утре ги почнува средбите на мандатарот со Алијанса за Албанците, односно со Зијадин Села, кој најави дека утре на прес конференција ќе и се обрати на јавноста првпат по настаните од 27 април, кога заврши во болница.Од СДСМ информираа дека денеска вршат консултации во рамки на партијата, а меѓупартиски средби засега немаат закажано. Од движењето БЕСА велат дека, нивните работни групи денеска работат на усогласување на ставовите после вчерашните преговори со Социјалдемократите.
Досега претставниците на сите партии изјавија дека не преговарале за конкретни барања, туку за принципите врз кои би требало да биде формирана идната влада.
Сепак, никој засега не потврдува ништо официјално. Заев има рок од 20 дена за состав на владата, но најави дека тоа ќе се случи многу порано.Од СДСМ информираа дека денеска вршат консултации во рамки на партијата, а меѓупартиски средби засега немаат закажано. Од движењето БЕСА вела