Со свеченост што ќе се одржи утре во Кичево“ и официјално ќе започне изградбата на автопатот Кичево – Охрид, најзначајниот инфраструктурен објект за Охрид и цела Западна Македонија.Најавено е работите да завршат за 45 месеци. Компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ од Кина ќе ја врши изградбата, додека зафатот ќе чини 274 милиони евра. Деновиве во одделението за имотно правни односи од Кичево засилено се изготвуваат документи за експропријација на земјиштето на трасата на кој ќе минува автопатот.
Покрај кинеската компанија во изградбата на патот ќе учествуваат и повеќе градежни и други компании од земјава, кои ќе бидат работно ангажирани за оваа потреба. Кинеската компанија е обврзана да ангажира македонски подизведувачи за најмалку 49 проценти од предвидените работи и да набави најмалку 49 проценти градежни материјали од Македонија. Изведувачот и подизведувачот во тек на изградбата се обврзани да ангажираат за работа минимум 51 процент македонски државјани.
Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловоза ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетоснки мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1.990 метри.
Истовремено започна и изградбата на автопатот од Скопје до Штип, кој ќе биде долг 47 километри, а широк 29 метри, со по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување. Инвестицијата изнесува 206 милиони евра, што државата ги обезбеди со кредит преку кинеската Ексим банка. И оваа автопатска делница ќе ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпоратион Лимитед“.Најавено е работите да завршат за 45 месеци. Компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ од Кина ќе ја врши изградбата, додека зафатот