четврток, 12 ноември 2026
Најново

Утре започнува пријавувањето за „Прв до врв 2016“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пријавувањето за овогодинешниот настан „Прв до врв“ почнува утре. Масовното искачување до врвот на Водно со планинарење и возење велосипеди ќе се одржи на 22 мај.На популарната трка на Водно, која ќе се одржи по четврти пат, учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.
Пријавувањето почнува со промотивен викенд и симболична цена од 120 денари за најбрзите 100 пријавени учесници, по што цената за пријавување ќе биде 180 денари и ќе важи до 29 февруари, па 240 денари од 1 март до 30 април и 300 денари од први до 21 мај.
Секој учесник добива стартен број, официјална маичка за 2016 година, освежување за време на трката, а победниците ќе бидат наградени.
По трките традиционално ќе се организира олимписки пикник на целта кај врвот, кога ќе бидат прогласени победниците во машка и женска конкуренција, како и најбрзите семејства, тимови, деца до 14 години и возрасни учесници над 40 години.
Натпреварувачите можат да се пријават на веб страницата www.prvdovrv.mk.На популарната трка на Водно, која ќе се одржи по четврти пат, учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање,

Поврзани вести