Утрото се разбудила со грип. Вечерта им кажале на родителите дека нема да преживее

Елизабет Спенсер (5) починала по неколку дена, откако се здобила со симптоми на грип. Едно утро се разбудила со главоболка и температура, а веќе вечерта докторите им соопштиле на нејзините родители дека има ретка автоимуна болест и дека нема да преживее. Мајката Натали, сега се обидува да ја подигне свеста за оваа болест.Од обичен вирус кој потсеќа на грип до автоимуна болест наречена хемофагоцитна лимфохистоцитоза. Симптомите се главоболка и температура. Тоа не ја исплашило Натали, бидејќи претпоставувала дека се работи за грип. Но, девојчето утредента се онесвестило. Веднаш била однесена во ургентен центар, каде докторите ја ставиле во вештачка кома. По направените тестови, откриле дека не боледува од грип, туку од ретка смртоносна болест.

Елизабет починала на 10. декември. – Не можев да поверувам што ми се случува. Утрото ми кажаа дека има грип, а вечерта дека можеби нема да преживее – раскажува мајката. – Беше среќно и активно дете, а најмногу сакаше да оди на море. Никогаш нема да ја заборавам – вели мајката.
За да ја дигне свест за оваа болест, Натали планира да ја пропешачи цела британска обала (бидејќи нејзината ќерка го сакала морето). На авантурата тргнува на Денот на заљубените и планира да се врати на годишнината од смртта на нејзината ќерка.
 Од обичен вирус кој потсеќа на грип до автоимуна болест наречена хемофагоцитна лимфохистоцитоза. Симптомите се главоболка и температура. Тоа не ја

Пронајдете не на следниве мрежи: