Утрово одекна силна експлозија пред Централната банка во Атина

Силна експлозија одекна изутринава пред зградата на Централната банка во Атина, јавија грчките медиуми.Бомбата експлодира по два предупредувачки телефонски јавувања дека автомобил со експлозив се наоѓа пред зградата на банката. 
Според првичните податоци, непознато лице се јавило во редакциите на интернет порталот „Зунгла“ и на „Весникот на уредниците“, тврдејќи дека меѓу двете централни улици во Атина пред Централната банка има автомобил со 75 килограми експлозив, кој ќе експлодира за 45 минути.
Регионот бил блокиран од полицијата, а на местото на инцидентот навистина бил пронајден украден автомобил од марката „Нисан Сани“, кој се покажало дека е автомобил-бомба. 
Жителите од околните згради се евакуирани и точно во 5:55 часот по локално време (4:55 по средноевропско време) силна експлозија се слушнала во речиси цела Атина. При експлозијата автомобилот е целосно уништен, а штети се нанесени и врз околните згради и продавници.
Извор: kurir.mkБомбата експлодира по два предупредувачки телефонски јавувања дека автомобил со експлозив се наоѓа пред зградата на банката. 
Според п

Пронајдете не на следниве мрежи: