Полицијата го утврдила идентитетот на мажот кој утринава беше прегазен кај поранешна Алумина. Станува збор за 65-годишниот Павле Г.Како што информираа од МВР, Павле утринава околу 9:30 часот бил прегазен на пешачки премин на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај поранешна Алумина.
Во него удрил автомобил „Киа“ со скопски регистерски ознаки управуван од 34-годишниот С.И. По несреќата екипа на итна медицинска помош веднаш пристигнала на местото, но обидите за реанимација биле неуспешни.
Телото на починатиот маж е предадено на обдукција, а полицијата работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа.Како што информираа од МВР, Павле утринава околу 9:30 часот бил прегазен на пешачки премин на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“