Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска изврши увид на поголем број на локации во населеното место Сингилиќ каде се извршуваат активности за расчистување на теренот.Трајановски, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, посетија повеќе локации каде се работи на санација на оштетената инфраструктура, односно каде пред два дена започна санацијата на цевките во отворените канали и премините. На терен се констатира дека каналите на повеќето премини се целосно санирани и истите се целосно оспособени за одвивање на сообраќај.
Во рамките на теренските посети, градоначалникот Трајановски, придружуван од градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, го посетија Стајковското езерото, со цел да направат увид во состојбата на браната и коритото на езерото и евентуалните претрпени штети од поплавите.
– Водата од Стајковското езеро не е излеана и браната ја задржала водата во рамките на коритото. Како што може да видите, коритото не е пробиено, со што се побиваат дел од шпекулациите дека поплавите се надојдени со попуштањето на браните на Смилковското и Стајковското езеро – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалниците Трајковски и Трајановски подоцна посетија поголем број на локации каде екипи на јавните претпријатија и волонтери чистеа на терен во населеното место Сингилиќ.
Едно од локациите каде се одвиваше голема акција за чистење е дворот на црквата „Свети Ѓорѓија“, каде работеа претставници од јавните прептријатија, Армијата на Република Македонија и доброволци од Општина Кривогаштани.
Во рамките на теренските посети, градоначалниците ја посетија и привремената депонија во основното училиште во Сингилиќ, каде се собираше сметот од поплавените куќи. Во моментов се работи на целосно расчистување на оваа депонија и во наредниве неколку дена истата ќе биде целосно расчистена, ќе биде целосно дезинфицирана и ќе се врати во првобитната состојба за време на почетокот на училишната година.Трајановски, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, посетија повеќе локации каде се работи на санација на ошт