Одлуката на косовската влада, која дозволува увоз на возила постари од тринаесет години, предизвика значителен пораст на бројот на старите автомобили увезени од разни земји.Само во првите пет месеци, годинава во Косово се увезени 6000 стари автомобили, од кои државата инкасирала 14 милиони евра. Во исто време, во оваа земја увезени се само 466 нови автомобили, кои на државата ѝ донеле приход од 1,7 милиони евра.
– Лани беа увезени повеќе од 16 илјади автомобили, од кои во државниот буџет влегоа над 36 милиони евра. Најмногу од увезените автомобили се од познати германски марки, потоа следуваат француските, па јапонските марки автомобили, потврдуваат од Царинската управа на Косово.
При увозот сопственикот треба да плати царина, ДДВ, акциза, а потоа да изврши хомологација, осигурување на автомобилот, да плати еколошка, патна, комунална такса, сообраќајна дозвола и таблички. Сепак, сопственикот на возилото не може да го вози купеното возило, додека најпрво не се потврди дека платил данок на имот во општината во која живее.
Увозот на стари возила во Косово е во постојан раст.Само во првите пет месеци, годинава во Косово се увезени 6000 стари автомобили, од кои државата инкасирала 14 милиони евра. Во исто време, во оваа