УЖАС: Мајката на Фејсбук објавила слика од јагнешко месо, а нејзинот син УМИРАЛ ОД ГЛАД во другата соба

Кога полицајците во Аделаид во Австралија дошле во куќата, откако полицијата добила драматичен повик од млада жена (24), останале шокирани од она што го виделе.Жената се јавила во полиција поради насилство кое наводно над неа го вршел нејзиниот партнер, а полицијата затекнала запуштена куќа, полна со ѓубре и четиригодишно дете кое имало едвај 8,3 килограми.
Неговите родители се лишени од слобода, а против нив е покренато обвинение за загрозување на животот на децата, пренесуваат западните медиуми.

Сето ова се одиграло во октомври минатата година, а сега јавноста во оваа земја со нетрпение ја исчекува пресудата која треба да биде изречена до крајот на годината. Родителите на детето после апсењето ја признале вината, но од нивните изјави не може да се заклучи дека се каат поради тоа што го направиле.
„Зезнав, знам дека морав прво да мислам на синот, а дури потоа на партнерот. Не се поврзав со синот како што требаше, бев презафатена со секс со партнерот“, вели мајката.

 

На судењето на виделина излегол фактот дека несовесната мајка на Фејсбук објавила фотографија од јадење кое го подготвила, меѓу останатото јагнешко и чоколади, додека синот и гладувал во својата соба.
Полицајците веднаш по влегувањето во куќата виделе дека момчето било заклучено во собата, а храна му пикале под врата. Таткото на детето вели дека го хранеле „скоро секој ден“.

„Го храневме скоро секој ден. Му внесувавме храна под врата. Како што можевме да слушнеме, тој делуваше среќно“, вели таткото. Но наспроти овие тврдења, детето веројатно има проблеми со однесувањето, а не е научен ни да оди во тоалет.
Освен тоа што не бил доволно хранет, бил и дехидриран. Докторите рекле дека судејќи по се, само два дена го делеле од смртта.
Прочитајте една вистинита приказна за човек кој ги капе мртвите – Од ова ќе ви замрзне крвта во вените. Прочитајте на следниот ЛИНКЖената се јавила во полиција поради насилство кое наводно над неа го вршел нејзиниот партнер, а полицијата затекнала запуштена куќа, полна со ѓубре

Пронајдете не на следниве мрежи: