УЖАС: Маж и жена христијани фрлени живи во печка!

Во Пакистан уапсени се 40 лица, кои се осомничени за убиство на христијански пар обвинет за сквернавење на куранот. Како што соопошти полицијата, тие ги претепале, а потоа ги  фрлиле во врелата печка во цигланата каде што работеле.Луѓето од околните села се собрале кога локалниот мула прогласил дека парот е виновн за богохулење.
Тие отишле во нивниот дом, ги извлекле надвор ги претепале и ги фрлиле во печката.
Нападот се случил  во местото Кот Рада Кишан, околу 60 километри од Лахор. Жртвите се иднтификувани како Шајман Биби Урф Шамар и нејзиниот сопруг Саџад Насир Зурја.
Комисијата за човекови права во Пакистан соопштила дека убиената жена била бремена.
„Немаме зборови со кои можеме да го искажеме шокот и тагата за ладнокрвното убиство на брачниот пар  и нивното неродено дете“, се наведува во соопштението на комисијата.
Според пакистанскиот закон  против богохулење, сквернавење на куранот се  казнува со смрт или доживотна робија. Организациите за човекови права одамна бараат од  државата итно укинување на овој закон, оценувајќи дека тој доведува до дискриминација, прогон и убиство.
Често се користи  за лични одмазди, а обвинетите за злосторство често се на мета на бесни луѓе. Ова очигледно беше случај и во Кота Рада Кишан, каде немилиот настан  бил предизвикан поради пари, кој парот ги должел на сопственикот на цигланата.
Веста дека парот го сквернавел куранот се пренела и во околните села и на крај се собрале околу 500 луѓе.Луѓето од околните села се собрале кога локалниот мула прогласил дека парот е виновн за богохулење.
Тие отишле во нивниот дом, ги извлекле

Пронајдете не на следниве мрежи: