Ужас! Родителите на починатиот Раденко примиле застрашувачко писмо

Родителите на покојниот Раденко Никодиновиќ примиле заканувачко писмо кое, како што велат, истовремено ги  исплашило и  вознемирило.„Клошару, престани  веќе да се сликаш и  даваш  изјави  во  медиумите!“
Со овие зборови  почнува заканувачкото   писмо  кое   го  примила Зорица Никодиновиќ, мајката на покојниот  Раденко, кој  почина по  скршеница на раката од гасна гангрена.
„Зарем тоа не е срамота? Зарем така се жали изгубениот  син, бедо?  Доста веќе, кој  си  ти  слепецу? Ти и  таа твоја бедничка  да водевте повеќе грижа за детето   тоа немало ни  да се случи. Дали  ќе ти  биде полесно кога ќе дознаеш кој е виновен, што  сакаш, пари  ли  те мачат? Марш, ѓубре!“, пишува меѓу  останатото во писмото кое стигнало  во  домот на Никодиновиќ , а кое го напишал извесен Н.Н. Добриќ.
Зорица Никодиновиќ, мајка на малиот Раденко, низ солзи вели   дека писмото  истовремено  ги  исплашило и  вознемирило.
„Досега плачев. Не можам да дојдам на себе цел ден! Не знам кој  би  можел  да ни  прати вакво нешто. Веројатно некој  од страна на др Бојаниќ, но  не знам кој. Страшно“.
Според нејзините зборови, во  ваква трагедија такво  нешто  може да напише само некој  кој  е надвор од себе.

 
„Во  потпис стои  Н.Н.Добриќ. не познаваме никого  кој  така се презива. До  Козјак е село  Добриќ. Навистина не знам. Медицинската сестра која била таму додека му  пружале помош на Раденко е од Добриќ. Но, не можам да грешам и  да кажам дека е таа. Немам докази  за тоа. Кој  може да ни напише такво нешто? Исплашена сум. Дома имам уште едно  дете. Некој  може да дојде да ни  се закани. Сешто ми  паѓа на ум. И мојот  сопруг не може да дојде при  себе“, вели  Зорица.
Таа се уште не знае што  ќе прави  со писмото.
Да потсетиме, Раденко  Никодиновиќ ја скрши раката на 2-ри  октомви, кога падна од тобоган. Мајка му  и  татко  му  го однеле во болница. На детето  со  денови  не  му било  добро и  конечно  го  пренеле на институтот за мајка и  дете во  Белград каде починал на 8 октомври. Накнадно било утврдено  дека детето починало од гасна гангрена.  Министерството  за здравство поднло  кривична пријава против др Бојаниќ поради несовесно лечење.„Клошару, престани  веќе да се сликаш и  даваш  изјави  во  медиумите!“
Со овие зборови&n

Пронајдете не на следниве мрежи: