УЖАС: Сопругот ѝ го одгризал носот и го изел!

Кинеската полиција трага по монструмот кој на својата сопруга ѝ го одгризал носот и го изел!Жртвата, госпоѓа Јанг вели дека сопругот ѝ одгризал поголем дел од носот и го проголтал, а се поради тоа што не му одговорила на телефонскиот повик. Стравичното злосторство се случило во Шандонг, град на истокот на Кина. Несреќната жена работела во ноќна смена, а сопругот ја повикал во два  часот наутро.
Откако не му се јавила следел крвав напад. Монструмот се појавил кај жената на работа и ѝ го одгризал носот кој подоцна го проголтал, пренесуваат кинеските медиуми.
„Ме праша зошто не сум одговорила на телефонот кога ме побарал. И следно на што се сеќавам е дека ме бутна до ѕид и во еден момент ми го одгриза носот“, вели несреќната жена.

Докторите тврдат дека госпога Јанг останала без поголемиот дел од носот и дека се потребни бројни операции за нејзиниот нос повторно да функционира нормално. Жртвата ќе мора да почека три месеци пред да почне со реконстукривните операции.
Таа и нејзиниот сопруг биле во претходни бракови. Сопругот од првиот брак има две деца. Откако добиле дете монструмот станал насилен. Жртвата вели дека монструмот барал од неа да го продадат детето за  тој да може да ги издржува внучињата кои ги добил од децата од првиот брак.Жртвата, госпоѓа Јанг вели дека сопругот ѝ одгризал поголем дел од носот и го проголтал, а се поради тоа што не му одговорила на телефонскиот повик

Пронајдете не на следниве мрежи: