Бесен љубовник ја киднапирал својата поранешна девојка и ја однел околу 100 киломитри подалеку, за во еден бунгалов повеќекратно да ја силува.David Jeans (34) ја завел својата жртва, 28 годишната осамена мајка преку интернет на еден сајт за запознавање, на почетокот од оваа година.
„Ја изиграл“ на картата на нејзиното сожалување, измислувајќи дека води борба со ракот. Почнале врска но само по 15 дена тој го покажал своето вистинско лице, искажувајќи болна љубомора и посесивност.
Постојано ја обвинувал дека се гледа со некој друг и дури барал од неа да се фотографира со мобилниот кога не е дома и да му праќа слики.
Таа во третиот месец од врската го напуштила откако и станало доста од сета таа драма. Но овој маж продолжил да ја прогонува испраќајќи и пораки преку фејсбук и мобилен телефон, а за 7 дена и телефонирал дури 167 пати.
И упатувал и закани, а во четвртиот месец жената се согласила уште еднаш да се види со него, и тогаш почнал ужасот.
Ја одвел до бунгаловите во Auchenlarie, во Велика Британија и на исплашената жена и рекол дека никогаш повеќе нема да го види своето дете. Таму повеќе пати ја силувал и жртвата едвај успеала да побегне со помош на работниците на оваа комплексна населба. Полициските специјалци го фатиле монструмот и е осуден на 8 години затвор. David Jeans (34) ја завел својата жртва, 28 годишната осамена мајка преку интернет на еден сајт за запознавање, на почетокот од оваа година.



