Американската полиција трага по 2-годишно момче кое алигатор го зграбил и одвлекол во вода. Ова се случило на плажата на хотел од ленецот „Дизни“ во близина на градот Орландо на Флорида.Трагедијата се случила вчера во Орландо, додека момчето се играло покрај родителите. Таткото го приметил ѕверот, кој е долг околу 2 метри, како му го граба синот и скокнал во вода за да го оттргне од своето дете. Таткото се борел со животното, но момчето сепак исчезнало во длабочините на водата.
Семејството дошло на „најсреќното место на светот“ Disney World, а детето се играло покрај езерото на прекрасната песочна плажа, недалеку од хотелот во кој престојувале.
„Семејството едноставно се опушти на плажата покрај езерото кога алигаторот го нападна детето. Таткото влезе во вода и се обиде да го земе детето, но не успеа. Во еден момент и мајката влезе во водата“, вели начелникот на полицијата, Џереми Демингс.
Тој вели дека се надева дека полицијата ќе има успех во потрагата и дека се обидуваат да бидат оптимистични, но 35 годишното искуство во оваа работа му вели дека пред себе имаат „доста предизвици“.
Спасувачите веднаш се вклучиле во потрагата, а потоа и полицијата која веќе трага со часови, но безуспешно. Семејството, инаку од Небраска, дошло со својте три деца на одмор.
Ова е трета трагедија која го погодила Орландо на Флорида за само неколку дена.
Трагедијата се случила вчера во Орландо, додека момчето се играло покрај родителите. Таткото го приметил ѕверот, кој е долг околу 2 метри, како му