Ужас во Парагвај: Жена запалена жива поради вештерство

Жена обвинета за вештерство од своите соселани, била жива запалена, соопштила тужителката во главниот град на Парагвај, Асунсион.Жртвата на суеверието е 45-годишшната Адолфина Окампос, за која е утврдено дека припадниците на етничката група Мбаја Гуарани ја заврзале за дрвен столб и забодувале стрели во нејзиното тело пред да ја запалат жива.
Окампос била осудена на смрт минатата недела, од страна на поглаварот на племенската заедница во Тахеуја, село на 180 километри оддалечено од Асунсион.
Датумот на нејзината егзекуција се уште не познат.
Тужителката Фани Агилера обвинила деветмина мажи за најтешко злосторство, и тие веќе го признале делото. Според извештаите за бегалци на Обединетите нации, годишно по илјада луѓе ширум светот се осудуваат за вештерство. Се додава дека жртвите често се злоставувани, одделени од своите семејства и понекогаш се убивани. Но овој случај е единствен.
– Работев во Парагавај 40 години, и не можам да сетам на сличен случај на егзекуција за наводно вршење на вештерство и магии – сведочи италијанскиот анторполог и католички свештеник Хозе Занардини.
Трагичната смрт на оваа жена е посебна во контекстот на парагвајската кохабитација на 20 различни етнички групи, кои важат за многу мирољубиви.
Државната агенција на Парагвај за заштита на домородното население соопштила дека „иако домородните заедници управуваат според своите закони и правила“, сепак не можат да избегнат одговорност за кршење на Уставот кој на сите им гарантира почитување на жртвите и слободата на секој човек“.Жртвата на суеверието е 45-годишшната Адолфина Окампос, за која е утврдено дека припадниците на етничката група Мбаја Гуарани ја заврзале

Пронајдете не на следниве мрежи: