Ужас во породилиште: Ќе се наежите кога ќе прочитате низ што се минала оваа жена

Шокантна приказна објавена е на фб групата „Искуства на мајки од породилишта“. Една родилка која имала ужасно искуство во кое, како што тврди, родила мртво бебе бидејќи докторот не сакал да направи царски рез. „Нема да ви биде пријатно да прочитате, но сакам да им помогнам на сите мајки“, напишала родилката на почетокот на приказната.Ви ја пренесуваме во целост приказната:
„Вака почнува мојата прикзна од породилиштето во Винковац, нема да ви биде пријатно за читање но сакам да им помогнам на сите мајки и оние кои ќе станат да знаат за каква болница се работи:
Дојдов во породилиштето во 5 наутро, во 7:30 ми го пробија воденикот и ме приклучија на инфузија, а бев отворена 4 прсти. Поминав 13 часа на инфузија со зборовите глупачко, можеш ти природно, во 12 и 30 бев отворена 9 прсти, цтг отчукувањата беа во ред, но мојот Ивано не се спушташе надолу туку се креваше нагоре.
Во 16:00 часот потпишав царски рез, а докторот едностравно ми рече дека не сака да се зае**ва со тоа, ми ја појача инфузијата и во 18 часот дојде и ми рече: стани, еве ти пилатес топка скокај за детето да се спушти. Му кажав дека сум исцрпена и дека ми се врти и дека немам сила, сестрта ме врати во кревет додека тој во меѓувреме отиде, а кога се врати ме виде во кревет и рече: за кој к*р ја вративте назад, врати се на топката.

 
Сестрата ме спушти на топката и рече: ѝ се врти, цел ден крвари. А тој возврати: ѝ се врти, како да не. Скокав како идиот. Ме вратија на бокс во 20:30 и од тука започна мојот пекол.

Три пати скокање по мојот стомак за мојот Ивано да излезе надвор. Не заплака, не беше жив, пет минути претходно ги слушнав неговите последни отчукувања на срцето, се собраа повеќе доктори околу мојот син, јас лежев на бокс во крв, исечена, за после еден час да ме сошијат.
Денес стигнаа резултатите од патологот кои докажуваат дека детето од малтретирањето се искакло, проголтало зелена плодова вода. Доколку беше направен царски рез навреме, мојот Ивано сега би лежел покрај мене. Од породилиштето ми остана само тон хартија и борба против нив, а тагата и болката во срцето не сакам ни да зборувам“, ја завршува својата приказна оваа несреќна жена.Ви ја пренесуваме во целост приказната:
„Вака почнува мојата прикзна од породилиштето во Винковац, нема да ви биде пријатно за читање

Пронајдете не на следниве мрежи: