УЖАСЕН НАСТАН: На Facebook пишувала со своето момче, но кога отишла да се види со него…

Kyle Dube од секогаш посакувал да биде херој, но неговиот план пропаднал кога младата жртва Nicole Cable е пронајдена мртва. Не само што не се покажал како херој, туку ни најмалку не покажал знаци на каење. Неговиот бизарен план бил да ја киднапира девојката, а покасно да се претвори во нејзин спасител.
Kyle Dube (20) живее во САД и има четиригодишна ќерка. Работел за агенција која се грижела за личности кои биле инвалиди. Имал девојка, но бил лудо заљубен во една тинејџерка.
Nicole одела во средно училиште и живеела со нејзината мајка, очув и три помали сестри. Популарната девојка мислела дека Kyle е нејзин пријател, но неговите намери ни најмалку не биле пријателски. Тој имал во план да ја киднапира Nicole, а подоцна да ја пронајде и да биде нејзин спасител.

Kyle направил Facebook профил под името Bryan Butterfield- момче кое Nicole го познавала, а на Kyle воопшто не му се допаѓал (бидејќи бил поранешно момче на неговата девојка). Преправајќи се дека е Bryan, Kyle разговарал со Nicole за да го придобие нејзината доверба.

Кога во една прилика Kyle се обидел да ја бакне Nicole, таa го турнала од себе и се пожалила на своите другарки. Не била заинтересирана за него и Kyle го знаел и бил сигурен во тоа. Следниот ден, користејќи лажен Facebook профил, Kyle ја намамил да дојде до крајот на нејзината улица. Никогаш не се вратила дома.
Нејзиното семејство го пријавила исчезнувањето на нивната ќерка, па започнала масовна потрага по неа. Полицијата користела авиони и кучиња трагачи, додека стотина луѓе се пријавиле како доброволци во дено-ноќната потрага по неа.

Било неверојатно тоа што Kyle навратил до нивната куќа и се понудил да ги чува нејзините помали сестри, но нивната мајка го одбила тоа.
После осум дена мачна потрага, телото на Nicole било пронајдено голо во шума, на само 20 км од нејзината куќа. Утопсијата покажала дека умрела од гушење. Многу брзо убиството било поврзано со Kyle, благодарение на ДНК доказите кои ги земале од ноктите на Nicole кои совршено одговарале со неговите. Гребаниците кои ги имал на неговото лице, сега знаеле кој ги направил.

Полицијата го открила и по лажниот профил кој го направил, но и неговата девојка им открила дека Kyle признал дека е замешан во сето тоа.
Покасно, откако бил притворен, признал дека ја намамил Nikole до крајот на улицата каде ја чекал со маска на неговото лице и леплива трака. Ја зграбил, ја заврзал со траката и ја фрлил на задното седиште од неговата кола. Кога покасно дошол по неа, таа веќе била мртва, бидејќи и ја покрил устата и носот така што не можела да дише. Тогаш го фрлил телото.
Обвинителството не му поверувало. Тврделе дека пробувал да има сексуален однос со неа, а кога она му дала отпор, тој ја задавил и нејзиното тело го фрлил во шумата.
Неговата девојка сведочела против него и на судот раскажала дека Kyle и признал дека ја задавил Nicole.
Иако имал прилика да покаже каење и да го признае злочинот, Kyle го одбил тоа. Осуден е на 60 години затвор и 30 години за киднапирање.

Овој трагичен случај е големо предупредување за сите оние кои ги користат друштвените мрежи.Не само што не се покажал како херој, туку ни најмалку не покажал знаци на каење. Неговиот бизарен план бил да ја киднапира девојката, а покасно да

Пронајдете не на следниве мрежи: