Боливискиот министер за одбрана Рејми Фереира, изјавил дека за трагичниот пад на авион во Колумбија на 29. ноември, во кој се наоѓале и фудбалери од бразилскиот прволигаш Чапокоензе Реал, виновен е пилотот.„Авионот имаше малку гориво. Тоа не беше несреќа, беше убиство“ – рекол Фереира.
Авионот пренесувал фудбалер на финалето на јужноамериканскиот куп во Меделин. Загина 71 патник, меѓу кои седум членови на екипаж, 21 новинар и 19 фудбалери.
Преживеале три фудбалери, бразислки новинар и два члена на екипажот.
Директор на колумбискиот цивилен авио-превоз Алберто Боканегра, меѓу хипотезите за несреќата навел дека во авионот снемало гориво. Тој додал дека ако се утврди дека тоа е причина за пад на авионот, тоа би значело дека станува збор за несовесност на пилотот кој е одговорен за тоа авионот да има доволно количество на гориво.
Обвинителствата во Боливија, Бразил и Колумбија покренаа независни истраги за причините за трагедијата.„Авионот имаше малку гориво. Тоа не беше несреќа, беше убиство“ – рекол Фереира.
Авионот пренесувал фудбалер на финалето