Новица С. (60) вели дека немал пари да ја закопа својата мајка. Во креветот во кој мајката најверојатно и починала е пронајден само костур.Новица С. (60) од селото Сиколe каj Неготин – Србија, повеќе од 4 месеци во својата соба го чувал телото на својата мртва мајка Десанка Г. (77). Тој мајка си ја облекол и ја ставил на креветот во нејзината соба. Новица најнормално се однесувал тие денови, шетал низ селото, зборувал со луѓето, подготвувал ручек и спиел во собата каде било телото на неговата почината мајка.
Како што дознава Ало.рс, синот на Десанка во полиција рекол дека немал пари да ја закопа мајка си. Инаку Новица има тешки психички проблеми.
Бидејќи повеќе месеци не ја виделе Десанка, соседите се збуниле и нејзиното исчезнување го пријавиле во полиција. Во куќата на Десанка веднаш отишла полицијата, заедно со лекар од Брза помош, а глетката која ја затекнале била повеќе од ужасна.
Во креветот во кој старицата најверојатно и починала тие пронашле само костур. Немало траги на насилна смрт.
На костурот се наоѓале траги од облека која старицата ја имала на себе и прекривка со која била покриена. На никој уште не му е јасно како во куќата во која претходните месеци се распаѓало телото, живеел нејзиниот син.
– Смрдеа имаше во целата куќа која е толку стара што мислевме дека во секој момент ќе се распадне. Веројатно процесот на распаѓање на телото ќе се забрзал ако во собата имало топлење – додава соговорник на Ало, близок на истрагата.
Несреќната стaрица живеела во куќата сама со 60-годишниот син. Интересно е што синот на старицата од моментот на нејзината смрт не ја подигам пензијата на мајка си,а семејството Гачиќ не било корисник на социјална помош.Новица С. (60) од селото Сиколe каj Неготин – Србија, повеќе од 4 месеци во својата соба го чувал телото на својата мртва мајка Десанка Г. (7