Драгана Драгиќевиќ (35) од Бор која е во инвалидска количка од деветгодишна возраст, сопругот Ненад (35) брутално ја злоставувал, ја тепал и ја удирал со чекан по глава.Поради семејно насилство, Ненад е приведен во станица. Со Драгана во Бор живеат од 2014 година. Драгана, која инаку е машински инженер, вели дека нејзиниот сопруг бил поинаков додека живееле и студирале во Белград.
– Ненад беше поинаков додека студиравме во Белград, Имавме повеќе пари, но кога се преселивме во Бор се смени. Се случуваше да почне да ме гуши. Ќе ми пријдеше, ќе ме фатеше за врат и подигнеше од количката. Во еден момент, додека ме држеше над количката почувствував како губам свест. Помислив на најлошото, раскажува Драгана.
Таа тврди дека сопругот со години ѝ ги сокривал модриците за никој да не се посомнева што се случува. Пред другите бил љубезен и внимателен:
-На никого не смеев да се пожалам, затоа што ми се закануваше дека ќе ја земе нашата тригодишна ќерка и дека никогаш повеќе нема да ја видам, наведува таа.
Драгана и нејзиниот сопруг имаат фирма која за веб-дизајн и изработка на сајтови. Насилството почнало откако се породила, а со тек на време било сѐ почесто.
– Повеќе пати вети дека повеќе нема да ме тепа, како и дека не се сеќава дека тоа го правел. Меѓутоа, тоа се повторуваше, додава Драгана.
Злоставувањето го гледала и нивната ќерка, која татко ѝ ја терал да ја удри мајка си со чекан.
– Се случуваше да ме удри со чекан по глава, повеќе пати крварев. Потоа ќе ѝ го дадеше чеканот на ќерката и ја советуваше и таа да ме удри. Меѓутоа, кога еднаш му кажа „Тато те молам немој да ја тепаш мама“ како нешто да ме допре и решив повеќе да не молчам, раскажува злоставуваната жена.
Сомневањето дека сопругот ја злоставува Драгана пријавиле и нејзините родители во Центарот за социјални работи. Драгана во вториот контакт со социјалните работници признала дека е жртва на својот сопруг.
На Ненад му е одреден едномесечен притвор поради сомневање дека извршил семејно насилство.Поради семејно насилство, Ненад е приведен во станица. Со Драгана во Бор живеат од 2014 година. Драгана, која инаку е машински инженер, вели дека н