Џена која има 31 година е мајка на девојчето, и вели дека се шокирала кога го открила ова.
Секојдневно ја гледале својата ќерка како испраќа десетина пораки, па нејзината мајка се посомневала дека девојчето станало зависно од мобилниот телефон. Но во прашање бил многу полош проблем.
Малата Маја телефонот никогаш не го испуштала од рака, постојано пишувала пораки кои ги криела од родителите. Еден ден нејзината мајка одлучила да провери што прави нејзината ќерка па и го одземала телефонот.
Меѓутоа ни во најлошиот кошмар не можела да замисли што ќе открие.
Девојчето на својот телефон имала разголени фотографии кои ги испраќала на своите врсници.
-Таа е толку мала што веројатно не ни знаеле што прави, така да не ни можев да ја казнам. Не знаев како да се справам со тоа, никогаш не сум слушнала за нешто слично- вели мајката на детето.
Таа веднаш свикала состанок во училиштето каде што учела нејзината ќерка и ги предупредила сите родители.
После инциденотот таа и нејзиниот сопруг и забраниле да користи телефон на ќерката.
За жал ова не е прв случај кој е откриен, туку е чест во училиштата во Британија.
Според истражувањата дури 71 % од децата на возраст од 12 и 14 години испраќаат непристојни пораки.Џена која има 31 година е мајка на девојчето, и вели дека се шокирала кога го открила ова.