Градинка во Мaкедонија повеќе личи на верско училиуште, на медреса, отколку на установа за едукација и згрижување на деца, пишува Инфомакс.Во детската градинка „Пчела“, која се наоѓа во Скопје, врз основа на фотографии и видеа кои ги има објавено на социјалната мрежа фејсбук, може да се види дека тамо децата активно се занимаваат со учење на исламот, иако тие се на многу мала возраст, а одоговор се уште нема од новата министерка за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Една сликата го покажува времето кога децата се учат да се молат во согласност со исламската религија. Тамо се гледаат околу 20 деца, од кои повеќето се девојчиња кои се забулени со шамии, според исламските верски правила.
Во меѓувреме, на видеото се гледаат децата кои одат околу импровизиран објект кој изгледа како градбата на Каба во Мека, Саудиска Арабија, земја каде што исламските верници ја исполнуваат обврската аџилак. Каба се смета за најсветиот објект за исламските верници, пренесува косовскиот весник “Газета Метро“.
Многу луѓе го изразиа своето незадоволство за ваквото однесување на градинките кон децата, велејќи дека тие треба да се едуцираат и да ги добијат основните знаења од науката, а не на толку рана возраст да ги учат религиските обреди.
Децата, според сликите, се албанци, бидејќи меѓу објевените фотографии имало и слики каде што децата имаа облека со национални албански симболи.
Меѓутоа, имало и такви кои преку коментарите го изравуваа своето задоволство од тоа што го гледаа, некои од нив биле и родители на деца од оваа градинка.
Но откако веста се прошири по медиумите, детската градинка “Пчела“ во Скопје, Македонија, која покрај верските обреди ги учи децата и да се молат, ги избриша сите слики и видеа и исто така ја затвори и официјалната страна на социјалната мрежа фејсбук.Во детската градинка „Пчела“, која се наоѓа во Скопје, врз основа на фотографии и видеа кои ги има објавено на социјалната мрежа фејсбу