Вахид Халилхоџиќ во емисијата на Interview 20

ВНТ1 синоќа го емитуваше ексклузивното издание на емисијата Interview 20, во која гостуваше босанскохерцеговачкиот фудбалски стручњак Вахид Халилхоџиќ.Во отвореното и директното интервју со уредничката на најцитираниот тв серијал во регионот, Санела Прашовиќ Гаџо, Халилхоџиќ ги коментирал играчите на фудбалската репрезентација на БиХ и го открил играчот кој му е посебно драг.
„Секогаш се најдобри играчите од центарот кои даваат голови, бидејќи тоа е врвот на спортската игра. Босна и Херцеговина има доста добри играчи: од Џеко, до Ибишевиќ, кој го донесов кога имаше 18 години и кога му се смееја во Париз, од Пјахиќ и од сите тие, до Спахиќ. Мене многу ми се допаѓа голманот Беговиќ и е многу добар како личност. Врз таквите личности треба да се гради имиџот на екипата.“
На прашањето на уредничката Санела Прашовиќ Гаџо, дали во клубот во кој тренира би повикал некој од репрезентативците на БиХ, тој одговорил: Тоа е тешко да се рече. Моите досегашни искуства велат не. Веројатно не, но не знам што може да се случи. Работите никогаш не треба да се генерализираат.“
Interview 20 во целост ќе може да го погледнете на следниот ЛИНКВо отвореното и директното интервју со уредничката на најцитираниот тв серијал во регионот, Санела Прашовиќ Гаџо, Халилхоџиќ ги коментирал играчите

Пронајдете не на следниве мрежи: