Многу важно во овој момент да видиме политичка волја кај сите политичи играчи во Македонија да се борат против корупцијата. Некои од нив треба да се борат во нивните редови, порача Иво Вајгл, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Македонија, на денешната Меѓународната конференција „Справување со корупцијата и заробената држава во Југоисточна Европа“ што се одржува во Скопје.Борбата против корупцијата, нагласи тој, е цел на секоја демократска земја и на секоја земја која сака да стане членка на ЕУ.
Знам, рече Вајгл, дека корупцијата беше еден од сериозните проблеми во оваа земја и тоа се повторува во сите извештаи на Европскиот парламент од каде доаѓам и од Европската комисија. Секако, подвлече, дека има други цели кои во блиска иднина ќе овозможат на Македонија да направи прогрес кон нејзиниот европски пат.
– Најпрво тоа би биле изборите на 11 декември, што ќе значи исполнување на обврските преземени со договорот од Пржино во однос на реформите и секако способноста и подготвеноста на сите политички партии да се соработува по изборите, кои очекуваме да бидат демократски, транспратентни и согласно европските стандарди, а резултатите да бидат прифатени од сите политички партии, изјави известувачот за Македонија Вајгл.
Вајгл рече дека Специјалното јавно обвинителство треба целосно и безусловно да биде почитувано.
– ЕУ и Европската комисија знае зошто е формирано заеднички со главните политички партии. Сега треба да му овозможиоме на СЈО да испорача резултати и да не се прават опструкции во неговата работа. Од друга страна, оваа институција не е политичка и не треба да зазема страна во јавните конфронтации во однос на политички прашања, туку треба да го одбере јазикот, методите и позицијата согласно валдеењето на правото – јазикот на правото, истакна Вајгл.Борбата против корупцијата, нагласи тој, е цел на секоја демократска земја и на секоја земја која сака да стане членка на ЕУ.
Знам, рече Ва