Вака било тоа пред 120 години: Секс совети за парови во 1894 година!

Кога Рур Смитерс напишала книга „Секс совети за сопружници“ во далечната 1894 година веројатно имала многу сериозна намера, но денес нејзините совети изгледаат многу забавно….Во прашање се појаснувања на интимните односи од аголот на една конзервативна жена која се фокусирала на тоа „грозно искуство наречено секс“. 
Писателката ги предупредува нејзините „млади жени“ дека книгата е тука да ги предупреди што ги чека првата брачна ноќ. Таа советува дека не треба често да се повторува овој љубовен чин. 
1. Паметната невеста никогаш нема да дозволи нејзиниот маж да ја види без облека, ниту ќе дојде во ситуација својот маж да го затекне без облека. Ако не можете да го избегнете односот, направете го тоа во целосен мрак. 
2. Жената треба да лежи без да се поместува, затоа што оптимистички настроен маж нејзиното мрдање во текот на сексот може да го сфати како задоволство од чинот. 
3. Мажите се по природа перверзни суштества. Ако им наговестите дека ќе имате нешто со нив веднаш ќе прифатат. Тоа значи дека може да се случи нормален однос во абнормална позиција. 

 
4. Многу жене бираат ноќници од груб памук, додека за мажите подготвуваа пижами. Облеката за спиење облекувајте ја во одвоени простории. Таа не смее да биде скината во текот на сексуалниот чин. Така минимум кожа ќе биде изложен на поглед. 
5. Кога мажот ќе го заврши чинот, мудрата жена ќе почне со зборување. Во прашање се ситници кои тој мора да ги заврши. 
6. Во текот на односот жената мора да биде целосно тивка или постојано ќе збори за домашните работи. Или едноставно ќе лежи мирно и нема да дава никакви знаци дека ужива…
7. Паметната жена секогаш ќе најде нов или подобар начин да го избегне водењето љубов. 
8. Доколку мажот проба да ја бакне својата жена во уста, таа мора да се тргне и тој да ја бакне во образ. 
9. Доколку мажот се обиде да ја подигне ноќницата и да ја бакне било каде на друго место, таа мора брзо да реагира и да ја спушти, на крај ќе се извини и ќе оди до бањата. 
10. Со време мажот така ќе научи дека ако сака однос ќе мора да започне без било какви гестови како што е на пример бакнежот. Во прашање се појаснувања на интимните односи од аголот на една конзервативна жена која се фокусирала на тоа „грозно искуство наречено секс&l

Пронајдете не на следниве мрежи: