Џејми Оливер призна дека својата 12-годишна ќерка Попи, понекогаш знае да ја казни на сосема необичен начин. Тој своите кулинарски вештини ги користи и при воспитување на децата, па во една прилика кога најстара ќерка била непристојна ја казнил давајќи и да јаде лута пиперка.
„Беше непристојна и ме предизвикуваше. Јас можам да истрпам многу работи, но такви работи не толерирам. Веднаш истрча кај мајка ѝ и ѝ се пожали дека се „олутила“. Јас седев во ќош и се смеев, а мојата сопруга потоа ми рече уште еднаш такво нешто да не ми падне на памет“, раскажа Џејми.
На неговата сопруга тоа не и се допаднало и му рекла никогаш повеќе да не го прави тоа.
Но, Џејми вели дека поради тоа што „ќотекот веќе не е во мода“ но и не е дозволено, па затоа овој начин е соодветен за казнување на децата.
Сепак, некои го критикуваа поради неговиот начин на казна. Постојат многу очигледни причини зошто не треба да се користи храната како начин за казнување на деца, но главната е следната: тоа создава атмосфера во која вашето готвење може да се смета како форма на детска суровост. Не треба децата да мислат дека постои такво нешто како „добра храна“ и „лоша храна“.
Имено, Оливер има четири деца со својата сопруга Џулс со која е во врска од својата 18-та година – ќерките Попи (12), Дејзи Бу (11), Петал Блосом Реинбоу (5) и синот Бади Бер Маурисо (4).Тој своите кулинарски вештини ги користи и при воспитување на децата, па во една прилика кога најстара ќерка била непристојна ја казнил давајќи и д



