ВАКА најлесно ќе го забрзате метаболизмот

Иако голем дел од метаболизмот е наследен, можете да го забрзате со правилен избор на храна. Сите сакаат да имаат здрав и брз метаболизам, како и да изгубат вишок килограми, а овие здрави и вкусни производи ќе ви помогнат тоа и да го постигнете!Белки од јајце
Белките се богати со протеини (околу 3 грама во едно јајце), витамин Д и аминокиселини и не содржат маснотии.
Месо
Чистото месо изобилува со железо, а недостатокот на овој минерал може значајно да го забави метаболизмот. Дневно треба да изедете оброк богат со железо, како што е, на пример, пилешко или чисто говедско месо.
Вода
Метаболизмот се забавува дури и при најмала дехидратација. Пијте студена вода која ќе го поттикне телото да троши повеќе калории за загревање.
Лути пиперки
Лутите пиперки содржат капсаицин, природен алкалоид кој го забрзува метаболизмот, а богати се и со витамин Ц. Додадете ги во храната како зачин, но немојте да претерувате.

Кафе
Истражувањата покажале дека просечната брзина на метаболизмот е многу поголема кај луѓето кои пијат кафе. Како и со лутата храна, немојте да претерувате ниту со кофеинот.
Зелен чај
Зелениот чај е еден од најпознатите чаеви кои го поттикнуваат согорувањето на маснотиите.
Млеко
Едно американско истражување покажало дека консумирањето на калциум помага при разградувањето на маснотиите во телото.
Житарки од цело зрно
Житарките од цело зрно му помагаат на вашето тело да согори повеќе маснотии, бидејќи им е потребно повеќе време за варење. Јадете житарки кои се богати со влакна како, на пример, овесна каша и кафеав ориз.
Леќа
Речиси 20 отсто жени имаат проблеми со недостаток на железо во крвта, а телото не може доволно ефикасно да работи ако му недостасува некој од битните минерали. Една шолја леќа има 35 отсто потребниот дневен внес на железо.Белки од јајце
Белките се богати со протеини (околу 3 грама во едно јајце), витамин Д и аминокиселини и не содржат масноти

Пронајдете не на следниве мрежи: