Сексот на почетокот на врската обично е возбудлив и различен од оној во претходните врски, но кога почнува да се заљубува, сексот ќе стане сосема друг.
Еве неколку знаци според кои можете да заклучите дека мажот се заљубува.
1. Ве бакнува се почесто – Бакнежите се за мажите многу интимен чин. И со тоа првите знаци дека тој интензивно размислува за долгорочна врска и се гледа себе и партнерката во иднина. Доколку ве бакнува се почесто по целото тело и долго, имајте до знаење дека многу му се допаѓате и дека сте му важна.
2. Посветен е на сексот – Мажот кој само сака да ужива во сексот а не во врската, нема да се труди премногу околу предиграта и времето кое обично е потребно на жената да се возбуди. Кога сте му важни, ќе се потруди до најмалите детали да бидете задоволени со сексот и да се осетите колку сте му важна.
3. Сака се да ви угодува – Уште еден знак деќа ќе ве испитува што сакате во сексот и ќе ве слуша што му зборувате. Мажите кои се во врска само за забава немаат потреба детално да разговара со партнерката за нејзините тајни желби ниту пак се милуваат по сексот или пак разговараат.
4. Секогаш е внимателен и великодушен – Не само првите неколку пати, туку поголемиот дел од времето. Тоа е така затоа што е заинтересиран и сака однос кој му е најдрага зона сексот. Баш поради тоа пробува да свати што ви е важно, кои се вашите ерогени зони и кога најдобро се чувствувате со него.
5. Опуштен е и свој – Кога е опуштен и не брза да си отиде по интимните моменти, тоа е солиден знак дека е заљубен или се заљубува. Од таа причина нема да се труди секогаш да ве импресионира и да ви покажува колку сте совршени во се.