Вака зборува Марк Цукербег: Најпознатите изјави на таткото на Фејсбук

Дознајте повеќе за човекот кој го промени светот и по каков вид на животна филозофија се водел за да го достигне врвот и да стане крал на интернетот. Марк Цукерберг не стана крал на интернетот од страна на чиста среќа или врски, туку со работа, знаење, талент и бидејќи знаеше точно што сака и како да стигне до тоа. Само-мотивацијата е една од најклучните работи ако било што во животот сакате да постигнете.
Сопственикот на Фејсбук е познат по изреките кои директно се однесуваат на неговите достигнувања и патот кој го поминал во последните десет години, од малата соба во кампусот до огромниот “штаб” во Пало Алто, но и по контроверзните изјави, поради кои многу луѓе се шокираат.
Избравме некои од нив, кои можеби ќе ви помогнат и вие да создадете нешто големо во животот, но, исто така, да разберете подобро како функционира мозокот на личноста која ја создаде социјалната мрежа која ги поврзува повеќе од една милијарда луѓе во светот.
Мантра
„Ако работите не се распаѓаат, не се движите доволно брзо.“
Што е подобро?
„Направеното е подобро од совршеното.“

За релативноста
„Верверицата што ви умира пред домот може да ви биде поважна во тој момент од луѓето што умираат во Африка.“
За ризикот
„Најголем ризик е да не преземете никаков ризик… Во светот кој се менува со брзина на молња, единствената стратегија која гарантира пропаст е да не се презема ризици.“
За споделувањето
„Давајќи им на луѓето моќ да ја споделат содржина, од светот правиме потранспарентно место.“
За успехот на Фејсбук
„Вистинската приказна за Фејсбук е тоа што работевме напорно сето ова време. Мислам, вистинската приказна е веројатно прилично досадна. Само седевме зад компјутерите шест години и програмиравме.“
Целта на Фејсбук
„Она што се обидуваме со Фејсбук, е да им помогнеме на луѓето да се поврзат и да комуницираат поефикасно.“

За што служи
„Луѓето денес на Фејсбук одржуваат контакт со пријателите и фамилијата, но, исто така, градат слика за себе и личниот идентитет, кој е како нивен бренд. Се поврзуваат со публиката со која сакаат да се поврзат. Речиси хендикеп е да немате Фејсбук денес.“
Како треба да се работи
„Мислам дека тоа е едноставно правило во бизнисот, ако прво ги направиш полесните работи, всушност напредуваш многу побрзо.“
Што сакаат луѓето
„Не е прашање што ние сакаме да знаеме за луѓето, туку што луѓето сакаат да кажат за себе.“
Што има длабоко во човекот
„Мислам дека луѓето имаат длабока желба во себе да кажат кои се. Мислам дека тоа отсекогаш постоело.“
За будилникот
„Немам будилник. Ако некој мора да ме разбуди, имам Блекбери до мене.“

Совет
„На помладиот брат, на сите мои пријатели кои сега се во колеџ или во средно училиште, мојот број еден совет е: Научете како да програмирате.“
Промена
„Мојата цел никогаш не беше само да основам една компанија. Многу луѓе не го разбираат кога го велам ова, па мислат дека заработката не ми е важна. Кога велам дека не сакам “само” една компанија, сакам да кажам дека за мене тоа значи градење на нешто што ќе направи голема разлика во светот.“
За социјалната мрежа
„Подобро се чувствувате кога сте поврзани со сето тоа мноштво луѓе. Имате побогат живот.“
За сомневањата
„Ова е чудно, но јас секогаш повеќе би сакал да бидам во ситуација каде што луѓето ќе не потценуваат. тоа ни дава можност да се коцкаме и да правиме работи кои ги возбудуваат и воодушевуваат луѓето.“
За вработените во Фејсбук
„Луѓето можат да бидат многу паметни и да поседуваат вештини кои се директно применливи, но ако не веруваат во тоа што го работат, нема да работат напорно.“
Конечно…
„Нашата цел не е да направиме платформа, туку да бидеме раскрсница на која сите се сретнуваат.“ Марк Цукерберг не стана крал на интернетот од страна на чиста среќа или врски, туку со работа, знаење, талент и бидејќи знаеше точно што сака и как

Пронајдете не на следниве мрежи: