Вакцина против ракот пристигнува до крајот на октомври

Вакцина од Куба против рак на белите дробови „cimavaks EFG“ во Србија ќе стигне до крајот на октомври, а во првата тура обезбедени се 1680 дози за лечење на 30 заболени.Пациентите тие вакцини ќе ги добијат бесплатно во Клиниката за белодробни заболувања во Србија, пишуваат спрските сајтови.
Одлуката за тоа кому ќе бидат дадени вакцините ќе се донесе исклучиво на основа на медицинските параметри, а 1680 дози ќе бидат доволни за година дена лечење на 30 заболени.
Вакцината, која и не е тоа во вистинска смисла на зборот, бидејќи се дава превентивно, се применува во терапија при завршен стадиум на карцином на белите дробови од кој во Србија годишно заболуваат околу 6300 жители.
Пред давањето „cimavaks EFG“, кој во Куба се употребува од 2008 година, се прават тестови со кои со утврдува кај кои пациенти лекот би можел да има ефект.
Кубанците тврдат дека оваа вакцина може да го спречи ракот и да го претвори во хронична болест.
Во министерството за здравје на Србија наведуваат дека до крајот на октомври би требало да биде завршен и формалниот дел во врска со потпишувањето на договорот за увоз.Пациентите тие вакцини ќе ги добијат бесплатно во Клиниката за белодробни заболувања во Србија, пишуваат спрските сајтови.
Одлуката за тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: